Општина Аеродром оваа година се приклучи во европската кампања за промоција на одржлив и „чист“ урбан транспорт со кој ќе се постигнат повеќекратни ефекти врз квалитетот на воздухот, животната средина, здравјето на луѓето и квалитетот на урбаното живеење.
Нашето училиште зема учество во оваа кампања на тема: „За чиста и здрава животна средина – се движиме и возиме без да загадуваме“ – преку сликање, експеримент, возење тротинети и ролерки по даден полигон.