Денеска, 25.8.2014 година, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски во ОУ „Лазо Ангеловски“ ја промовираа новата задолжителна училишна облека во основните училишта во Општина Аеродром. „Од септември учениците од сите основни училишта во Општина Аеродром ќе почнат да носат училишна облека“, изјави градоначалникот Коневски. Тој додаде дека целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во иста облека и да се навикнат на соодветен кодекс на облекување. На тој начин, основните училишта ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи. Заменик-министерот Ристовски го поздрави проектот како позитивен пример за тоа како учениците ќе можат полесно да се фокусираат на воспитно-образовниот процес, наместо на изгледот и начинот на облекување и апелираше овој тренд да го прифатат и другите општини во Република Македонија.
Училишната облека се состои од сиви панталони, бели блузи и тегет елеци со амблем, на кој е извезено логото на Општина Аеродром и името на училиштето. Девојчињата ќе имаат можност да одберат здолниште или панталони. Трошоците за 6.000 училишни комплети ги покри Општина Аеродром. Со воведувањето на училишната облека се очекува да се постигне и чувство на еднаквост меѓу децата, да нема поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а од друга страна, пак, на родителите да им се намалат трошоците за купување гардероба, која некои родители не можат да си ја дозволат. Инаку, претходно Општина Аеродром направи сондажа меѓу родителите, при што тие покажаа голем интерес за прифаќање на овој проект.
All posts by petaraceski
Проект „Замена на светилки“ ОУ„Лазо Ангеловски“,Аеродром
Во првото полугодие (месец октомври) од учебната 2013/14 год. според критериумите за апликација за највисок статус зелено знаме,односно со еколошките активности кои се реализираа во текот на минатата учебна година,нашето училиште аплицира и го освои статусот зелено знаме.Статусот зелено знаме се одобрува во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ што се имплементира преку Министерството за образование и наука според потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка. Оваа програма ја спроведува здружението на граѓани ОХО што претставува организација со долгогодишно искуство во областа на заштитата на животната средина и еколошката едукација. Главна придобивка од оваа програма е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки, а со членство во мрежата се овозможува учество во национални и интернационални натпревари, аплицирање со проекти и добивање финансиска поддршка од ОХО, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко итн. Статусот зелено знаме овозможи ОУ„Лазо Ангеловски“ да добие грант од ОХО во висина од 61 000 денари за реализација на проект за енергетска ефикасност „Замена на светилки“.Проектот предвидува замена на класичните светилки со енергетско-ефикасни светилки. Со замена на класичните светилки со енергетски-ефикасни светилки се намалува потрошувачката на електрична енергија,светилките се користат подолг временски период,се добива подобро и поквалитетно осветлување и директно влијае на заштита на сетилото за вид кај децата . На глобално ниво се намалува емисијата на CO2 во атмосферата(со заштедена 1kWh електрична енергија се ослободува околу 1 kg CO2 во атмосферата).Ова емитирање на CO2 во атмосферата и другите стаклени гасови доведуваат до создавање на таканаречена стаклена градина во атмосферата што доведува до дополнително загревање на Земјата ,односно климатски промени на Земјата. Конкретни цели на проектот:
- Заштеда на електрична енергија-намалување на сметките за потрошена електрична енергија
- Заштеда на бројот на заменети светилки-енергетски-ефикасните светилки траат подолг временски период од класичните светилки
- Подобро и поквалитетно осветлување-заштита на видот кај учениците
- Намалена емисија на CO2 во атмосферата- ова емитирање на CO2 во атмосферата и другите стаклени гасови доведуваат до создавање на таканаречена стаклена градина во атмосферата што доведува до дополнително загревање на Земјата ,односно климатски промени на Земјата.
По реализацијата на проектот ќе се подобрат условите во училиштето,ќе се добие финансиска заштеда на сметките за потрошената електрична енергија и бројот на заменети светилки.Ќе добиеме подобро и поквалитетно осветлување,а тоа ќе влијае на заштитата на видот кај децата.Со реализацијата на овој проект ќе допринесеме за намалување на климатските промени на Земјата. Учениците во овој проект беа вклучени во еколошките активности како предавања,презентации,работилници за подигнување на свеста кај учениците,вработените и родителите,односно сите кои престојуваат во училиштето за почиста и поздрава околина. Предавање-Заштеда на електрична енергија. Презентација-Придобивките од проектот „Замена на светилките“. Работилници-Изработка на брошури и постери за почиста и поздрава средина.

УЧЕНИЦИТЕ НА„ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ЈА ПОСЕТИЈА КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА

Кога нешто се случува по трет пат, значи дека тоа прераснало во традиција. Учениците од петто 1 одд. при ОУ „Лазо Ангеловски“,Скопје го посетија веќе традиционалниот фестивал за слика и филм кој се одржа во Кинотеката на Македонија,а воедно беше посетена и библиотеката „Другарче“и Детскиот ликовен центар.
Со оглед на тоа што оваа година се одржува Светското фудбалско првенство,еден од понудените филмови е посветен на фудбалот. Тоа е филмот „Чудото од Берн“(Das Wunder von Bern).Ова е прекрасен филм преку кој може да се научат многу нешта за германската повоена историја и значајната улога на фудбалот во Германија
ОСВОЕНО ПРВО МЕСТО НА НАТПРЕВАР ПО ОРАТОРСТВО

На 23 мај 2014 год. (петок), осмоодделенецот Филип Михов од ОУ „Лазо Ангеловски“ учествуваше на натпреварот по ораторство што го организира Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ и со својот подготвен говор на темата „Генерацијо, сакам да ви кажам“ го освои првото место меѓу сите пријавени учесници од основните училишта на територијата на градот Скопје. Исто така, на овој натпревар учество зеде и седмоодделенката Ева Стојановска којашто одлично се претстави со говорот на тема „Сакам да победувам“. Воедно, учениците добија извонредна можност да ги зајакнат своите ораторски вештини и да го продлабочат своето искуство за суштинските елементи на јавното аргументирано говорење.
ИЗВИДНИЧКИ АКТИВНОСТИ ВО ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“
Учениците на ОУ „Лазо Ангеловски“ во соработка со „Организацијата на Девојки и Момчиња Извидници“, спроведоа извиднички активности со цел да се запознаат со работата на извидниците и преку забава се стекнаа со вештини за лична безбедност, како и начини за снаоѓање и ориентација во природата.