All posts by V.Petrova
Регионални натпревари во спелување
На 10 маj 2014 година, во просториите на Американ Колеџ се одржа регионален натпревар „Spelling Bee Macedonia“ на кој учество зедоа и учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“.
Најдобрите ученици од сите три категории имаат можност да се натпреваруваат на националниот натпревар за спелување кој ќе се одржи во Скопје на 17 мај 2014 година.
Ученици кои се квалификуваа за учество на националниот натпревари се:
1. Карина Митрева V3 (ментор Милена Игњатова)
2. Антонела Давитковска VI 1 ( ментор Емица Здравев)
3. Матеа Андреевска VIII1 ( ментор Морфа Петровска )
Кодекс за однесување на учениците за време на екскурзии
Во пресрет на очекуваните екскурзии за учениците, еве го кодексот за однесување на учениците за време на екскурзии
- Навремено доаѓање на закажаното место за тргнување. Continue reading
ЕКО ДРАМА
По повод Светскиот ден на планетата Земја, на 29. IV 2014 година во нашето училиште беше изведена пригодна Еко-драма. Текстот е авторско дело на учениците Никица Манџуковски и Марија Поповска од VII-2 одделение, а учествуваа учениците – членови на драмската секција „Лаз-ал“, во режија на наставниците Костадинка Поповска и Валентина Петрова.
Исто така, за потребите на претставата беше создадена и училишна Еколошка химна. Автори на текстот се повторно Никица Манџуковски и Марија Поповска, автор и аранжер на музиката е Ристо Самарџиев, а се снимаше во студиото на Кристијан Габровски. Училишната еко-химна е во изведба на Сара Глигорова од VII одделение.
Ученици од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Градскиот Парк
По повод Европската недела на имунизација на 26. IV 2014 година (сабота), кај местото „Школка“ во Градскиот парк се одржа манифестација на којашто учество зедоа и ученици од нашето училиште. Членовите на драмската секција настапија со училишната Еко химна, а ученици од V одделение настапија на музичка изведба од Даниел Кајмаковски.
И покрај облачното време и малкуте посетители, со својата разиграност и позитивен однос нашите ученици направија вистинска забава за сите присутни, и деца и возрасни.