Category Archives: Актуелно

Државен натпревар по математика

На 23.08.2020 год. се одржа Државниот натпревар по математика. Учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати:

VI одделение:

  • III награда - Ива Бошеска (ментор Лолита Трајковска)
  • пофаница - Ана Радеска (ментор Лолита Трајковска)

IX одделение:

  • III награда - Милијана Стојановиќ (ментор Вангелица Поповска)
  • пофаница - Марија Станчева (ментор Вангелица Поповска)

 

Регионален натпревар по математика

На 4.07.2020 год. се одржа Регионалниот натпревар по математика кој беше спроведен онлајн. Учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати:

IV одделение

  • III награда - Никола Зорески (ментор Магдалена Петреска)

V одделение

  • III награда - Натали Ценевска (ментор Весна Мирческа)

VI одделение

  • I награда - Ана Радеска, Ива Бошеска, Анастасија Пецевска (ментор Лолита Трајковска)
  • II награда - Ема Котевска (ментор Елена Кузманова)
  • III награда - Горазд Андоновски (ментор Лолита Трајковска)

VII одделение

  • II награда - Теона Тренеска (ментор Даниела Давковска), Сара Митевска (ментор Радмила Гиговска)

VIII одделение

  • III награда - Марта Стојковска (ментор Елена Кузманова)

IX одделение

  • I награда - Милијана Стојановиќ, Марија Станчева (ментор Вангелица Поповска)

Работилница „Наставници и родители – Градиме мостови“ (интерни обуки за наставници)

Во месец јуни-јули 2020 година беа реализирани 3 работилници за соработка со родители на тема „Наставници и родители – Градиме мостови“.

Темите опфатени во обуката беа:

  • Што е училишна заедница? Улогите и целите на родителите и наставниците во образовниот систем
  • Патување низ училиштето/училишната заедница. Што треба да земеме во предвид доколку сакаме да изградиме добра соработка/однос со родителите?
  • Очекувања: што родителите очекуваат од наставниците, што наставниците очекуваат од родителите
  • Како родителите и наставниците се доживуваат меѓу себе? – митови, стереотипи и предрасуди – анализа како да изградиме училишна заедница базирана на почит и човекови права
  • Што не блокира / преставува проблем кога комуницираме со другите? Што ни помага при комуникацијата со другите?
  • 4 принци (4 Agreements – Don Miguel Ruiz)
  • Вовед во ненасилна комуникација (NVC)
  • Жирафа или Чакал?
  • „Јас порака“
  • Што вообичаено прават наставниците за да имаат / остварат добар однос/комуникација со родителите?
  • Активно слушање и преформулирање
  • SWOT анализа – техника за анализаирање и подобрување на комуникацијата и соработката со родители

Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обуката за соработка со родители во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 24-28.02.2020 година и беа реализирани од страна на наставниците Љубица Ружинска и Весна Стезоска. При реализација на работилниците беа запазени мерките на претпазливост и заштита на ширење на Ковид 19 од страна на Владата на РСМ: групи на наставници не поголеми од 20 учесници, носење на заштитни маски, одржување на проширена социјална дистанца, паузи на секој саат и половина и редовна дезинфекција за време на паузите.

Таргет групата на работилниците беа одделенските и предметните наставници и стручни соработници од нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски’. Работилниците беа посетени од вкупно 60 наставници.

Атмосферата за време на работилницатите на  30.06, 01.07 и 02.07.2020 година. 

Ученик на генерација и пофалени ученици на генерацијата 2011-2020

На ден 10.06.2020 год. според Правилникот за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалени ученици при ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје ( https://tinyurl.com/y8y2k82n ),  Наставничкиот совет по предлог на комисијата за избор на ученик на генерацијата 2011-2020 ја прогласи ученичката Милијана Стојановиќ од IX 4 одд. за ученик на генерацијата 2011-2020.

Воедно наставничкиот совет ги пофали сите номинирани ученици за вложениот труд и постигнат успех на натпревари и училишни активности/проекти и континуиран одличен успех во генерацијата 2011/2020 год.

Пофалени ученици според рангирањето на комисијата се:
1.     Марија Станчева IX3
2.     Мариела Стефановска IX4
3.     Сара Бурнеска IX2
4.     Анастасија Илиевска IX5
5.     Мартина Јаначковска IX6
6.     Дафне Атанасова IX3
7.     Мила Цветковиќ IX2
8.     Петра Кантурска IX3
9.     Мила Трајановска IX1
10.  Марко Цветанов IX3
11.  Андреј АтанасовскиIX4
12.  Тијана Трајковиќ IX6

Свеченото доделување се одржа на 15.06.2020 год. Честитки за сите ученици и многу успеси во иднината!