Monthly Archives: March 2014

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ„ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО КАМПАЊАТА „МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА РОЗИТЕ“

Во рамки на Националната еколошка кампања „Македонија земја на цвеќето – Земја на розата“, која ја координира Министерството за животна средина и просторно планирање на 21.3.2014 година – Денот на пролетта се одржаа продажна изложба на цветни креации направени од учениците.
Собраните средства од изложбите на учениците ќе се искористат за набавка на рози, кои подоцна ќе се засадат во училишните дворови.
Покрај продажната изложба училиштата имаа и други еколошки активности, садеа рози и други цвеќиња, ги чистеа училниците и училишните двори и сл.
Исто така, во рамки на кампањата во Општина Аеродром во тек е конкурс за избор на најдобри ученички творби и креации во училишта што го организираат Регионалниот центар за животна средина и еколошкото друштвото „Пакомак“.
Најдобрите творби ќе бидат наградени и тоа 3 категории според возраста на учениците односно, по три места за учениците од 1-во до 3-то одделение, од 4-то до 6-то и од 7-мо до 9-то одделение.
Првонаградените творби ќе добијат таблет, второрангираните ќе бидат наградени со научно-енциклопедиски изданија, а најдобрата тројка ќе добие слатки пакети од Европа.

rozi

Посета на Спомен – собата на браќата Миладиновци „Т’га за југ“

               7

               На 18.3.2014 год. учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ заедно со библиотекарот и наставниците по македонски јазик организирано ја посетија Спомен – собата на браќата Миладиновци „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје.

            Целта на организираната посета беше учениците да ги прошират стекнатите знаења за животниот пат на струшките браќа Константин и Димитар Миладонови, а воедно да ја осознаат нивната значајна улога во историјата на преродбенската борба на македонскиот народ. Пред сè, учениците се запознаа со поетското творештво на основоположникот на македонската уметничка поезија Константин Миладинов, како и со собирачката дејност на браќата Миладиновци претставена преку Зборникот на народни умотворби, камен – темелникот на македонската култура и историја.

            Во рамките на посетата, учениците добија можност да ги разгледаат одделите за литература за деца и за возрасни и да се запознаат со работата на централната библиотека.

НАТПЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“

На 15.3.2014 година во ОУ „Лазо Ангеловски“ се одржа вториот интернационален натпревар по англиски јазик „Хипо Компетишн“ во кој учествуваа 76 ученици.
Учениците се натпреваруваа во читање, слушање и пишување краток состав. Најдобрите ученици заедно со други ученици од европските земји ќе се натпреваруваат во финалето на 10-ти и 11-ти мај 2014 година во Италија.
Натпреварот е организиран од страна на Глобал хипо асоцијацијата, кој истовремено се одржува во неколку балкански земји.

natprevar-angliski

ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА ВО ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“

     По повод Денот на жената 8-ми Март во ОУ „Лазо Ангеловски“ се одржа традиционална продажна изложба.
На изложбата се продаваа украсни изработки, цвеќиња, честитки, домашни пити, кифли, колачи и друг вид на изработки.
Во изработката на изложените изработки активно учествуваа родителите, наставниците и учениците. Средствата собрани од продажната изложба ќе бидат наменети за потребите на учениците.

 

ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ДОМАЌИН НА ЕКО-САМИТОТ

eko-samit

         Во ОУ „Лазо Ангеловски“ на 5.03.2014 година се одржа петтиот по ред Еко самит како дел од Програмата за „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Целта на оваа програма е да се подигне свеста за заштита на животната средина кај децата од градинките и кај учениците од основните и средните училишта.
На самитот министерот за образование и наука, Спиро Ристовски ги додели наградите за најдобрите еко-училишта, додека наградите за најдобри еко-градинки ги додели амбасадорот на Швајцарската конфедерација, Стефано Лазарото.
„Посебно задоволство ми претставува што училиштата и градинките многу позитивно и активно ја прифатија имплементацијата и реализацијата на Програмата. Во изминатите три години тие ги интегрираа дефинираните програмски содржини во нивните Годишни програми за работа и воведуваа еколошки теми за работа, со што секое училиште и секоја градинка помогна, но и понатаму ќе помага во унапредувањето на нашиот воспитно-образовен систем и неговото приближување до европските модел на образовен систем“, изјави министерот Ристовски.
Програмата за „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ ја спроведува Министерството за образование и наука во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Здружението за едукација, консалтинг и комуникација ОХО.
Во рамки на Програмата, за учебната 2012/2013 година награди добија педесет и две воспитно образовни институции и тоа со Зелено знаме се закитија 9 детски градинки, 22 основни училишта и 6 средни училишта. Сребрено ниво постигнаа 1 градинка, 9 основни и 3 средни училишта, а бронзено ниво 1 основно и 1 средно училиште.