Monthly Archives: April 2014

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

На 23.04.2014 година во ОУ „Љубен Лапе“ се одржа натпревар по математика на ниво на општина Аеродром, а учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“  под водство на Вангелица Поповска и Роберта ги  постигнаа следните резултати

 

име и презиме на ученик

одделение

освоена  награда

ментор

Теона Цоневска

 

IV

I

Снежана Петреска

Лина Гиразова

 

IV

I

Грозданка Крстевска

Мила Спасевска

 

IV

I

Драгица Трајановска

Кристина Спасева

 

V

II

Роберта Јордановска

Антонија Крајчева

 

VI

III

Вангелица Поповска

Ева Стојановска

 

VII

ПОФАЛНИЦА

Радмила Гиговска

Деница Ќорвезир

 

VII

ПОФАЛНИЦА

Вангелица Поповска

Стефан Стојанов

 

VII

ПОФАЛНИЦА

Вангелица Поповска

Филп Михов

 

VIII

осмолетка

III

осмолетка

Мирјана Мојсоска

 

Посета на XXVI Меѓународен саем на книгата

biblioteka-poseta

 

На 9. IV 2014 година, учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ го посетија XXVI  Меѓународен  саем на книгата  заедно со библиотекарот и предметните наставници по македонски јазик.

Покрај промовирање на една од најзначајните културни манифестации, целта на посетата беше запознавање на учениците со современите книжевни наслови за  деца  и  млади  кои  имаат  битна  улога  во  формирањето  на читателската  култура.  Исто така,  учениците  имаа  книжевна  средба  со современиот  македонски  писател  за  деца  Горјан Петревски  со  когошто разменија искуство во врска со творештвото и читањето на неговите дела кои се омилени кај најмладата читателска публика. Воедно, учениците ја искористија можноста да добијат потпис и посвета на книгите од својот омилен автор.

Финалист на „ХИПО“

Ученичката Михаела Величковска од V4 одд во ОУ “Лазо Ангеловски” е една од финалистите на интернационалниот натпреварот по англиски јазиk “Хипо”. Таа во присуство на својата наставничка  по англиски јазик Милена Игњатова  ќе патува во Џесоло, Италија за да се натпреварува во финалниот круг.

СРЕЌНО!

Сребрен пехар за ОУ „Лазо Ангеловски“ на државното првенство во ракомет

rakomet-maski-ou-lazo-angelovski

По освоеното прво место на ниво на град Скопје, машката ракометана екипа на ОУ „Лазо Ангеловски“ учествуваше и на државното првенство кое се одржа од 3 од 5 април во Струга.

Ракометарите предводени од професорите Петар Ацески и   Зоран Ристески достојно го претставија школото освојувајќи го второто место,  додека  првото и третото место остана во рацете на домаќините.

Со освоениот сребрен пехар ОУ „Лазо Ангеловски“ покажа дека е едно од најспортските школи, а воедно и најракометно школо во Р. Македонија.

ЗЛАТЕН ПЕХАР ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“

По успехот на општинските натпревари машката екипа на ОУ „Лазо Ангеловски“ играше на градско ниво и освои прво место во ракомет.

Имено, во СЦ „Ново Лисиче“ на 21.3.2014 година се одржа општинско првенство во ракомет машки меѓу основните училишта, при што ОУ „Лазо Ангеловски“, ОУ „Љубен Лапе“ и ОУ „Ѓоргија Пулевски“ остварија пласман на градското првенство и се натпреваруваа со најдобрите училишта не територијата на Град Скопје.
На градското првенство аеродромците излегоа најдобри со што ги освоија првите три места на Град Скопје.
Прво место го освои екипата на ОУ „Лазо Ангеловски“, предводена од професор Петар Ацески.
Победничкото училиште „Лазо Ангеловски“ оствари пласман на државно првенство што ќе одржи во Струга, каде што ќе се натпреваруваат меѓу најдобрите шест училишта во Република Македонија.

lala