Daily Archives: 07/04/2014

ЗЛАТЕН ПЕХАР ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“

По успехот на општинските натпревари машката екипа на ОУ „Лазо Ангеловски“ играше на градско ниво и освои прво место во ракомет.

Имено, во СЦ „Ново Лисиче“ на 21.3.2014 година се одржа општинско првенство во ракомет машки меѓу основните училишта, при што ОУ „Лазо Ангеловски“, ОУ „Љубен Лапе“ и ОУ „Ѓоргија Пулевски“ остварија пласман на градското првенство и се натпреваруваа со најдобрите училишта не територијата на Град Скопје.
На градското првенство аеродромците излегоа најдобри со што ги освоија првите три места на Град Скопје.
Прво место го освои екипата на ОУ „Лазо Ангеловски“, предводена од професор Петар Ацески.
Победничкото училиште „Лазо Ангеловски“ оствари пласман на државно првенство што ќе одржи во Струга, каде што ќе се натпреваруваат меѓу најдобрите шест училишта во Република Македонија.

lala

frankofonija

ФРАНКОФОНИЈА ВО ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“

Во рамки на денови на франкофонијата на 1.4.2014 година во Дом на АРМ се реализираа неколку активности во кои учествуваа ученици од ОУ „Лазо Ангеловски“.

Ученичката Николина Огненовска придружувана со балетска група од училиштето се претстави со изведба на шансоната Џони (Јohny).