Monthly Archives: June 2014

Проект „Замена на светилки“ ОУ„Лазо Ангеловски“,Аеродром

Во првото полугодие (месец октомври) од учебната 2013/14 год. според критериумите за апликација за највисок статус зелено знаме,односно со еколошките активности кои се реализираа во текот на минатата учебна година,нашето училиште аплицира и го освои статусот зелено знаме.Статусот зелено знаме се одобрува во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ што се имплементира преку Министерството за образование и наука според потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка. Оваа програма ја спроведува здружението на граѓани ОХО што претставува организација со долгогодишно искуство во областа на заштитата на животната средина и еколошката едукација. Главна придобивка од оваа програма е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки, а со членство во мрежата се овозможува учество во национални и интернационални натпревари, аплицирање со проекти и добивање финансиска поддршка од ОХО, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко итн. Статусот зелено знаме овозможи ОУ„Лазо Ангеловски“ да добие грант од ОХО во висина од 61 000 денари за реализација на проект за енергетска ефикасност „Замена на светилки“.Проектот предвидува замена на класичните светилки со енергетско-ефикасни светилки. Со замена на класичните светилки со енергетски-ефикасни светилки се намалува потрошувачката на електрична енергија,светилките се користат подолг временски период,се добива подобро и поквалитетно осветлување и директно влијае на заштита на сетилото за вид кај децата . На глобално ниво се намалува емисијата на CO2 во атмосферата(со заштедена  1kWh електрична енергија се ослободува околу 1 kg CO2 во атмосферата).Ова емитирање на CO2 во атмосферата и другите стаклени гасови доведуваат до создавање на таканаречена стаклена градина во атмосферата што доведува до дополнително загревање на Земјата ,односно климатски промени на Земјата.   Конкретни цели на проектот:

  • Заштеда на електрична енергија-намалување на сметките за потрошена електрична енергија
  • Заштеда на бројот на заменети светилки-енергетски-ефикасните светилки траат подолг временски период од класичните светилки
  • Подобро и поквалитетно осветлување-заштита на видот кај учениците
  • Намалена емисија на CO2 во атмосферата- ова емитирање на CO2 во атмосферата и другите стаклени гасови доведуваат до создавање на таканаречена стаклена градина во атмосферата што доведува до дополнително загревање на Земјата ,односно климатски промени на Земјата.

По реализацијата на проектот ќе се подобрат условите во училиштето,ќе се добие финансиска заштеда на сметките за потрошената електрична енергија и бројот на заменети светилки.Ќе добиеме подобро и поквалитетно осветлување,а  тоа ќе влијае на заштитата на видот кај децата.Со реализацијата на овој проект ќе допринесеме за намалување на климатските промени на Земјата. Учениците во овој проект беа вклучени во еколошките активности како предавања,презентации,работилници за подигнување на свеста кај учениците,вработените и родителите,односно сите кои престојуваат во училиштето за почиста и поздрава околина. Предавање-Заштеда на електрична енергија. Презентација-Придобивките од проектот „Замена на светилките“. Работилници-Изработка на брошури и постери за почиста и поздрава средина.

image-bd6c0a64b7d056f0c313184d2066744c1e5b13d7e7b72a1c8678a4166b771e74-v