Monthly Archives: October 2014

Книжевна средба по повод 80 години од раѓањето на Видое Подгорец во Градската библиотека „Јане Сандански“

3 blagica

 

По повод 80 години од раѓањето на најплодниот македонски писател Видое Подгорец, во Градската библиотека „Јане Сандански“ беше организирана книжевна средба со македонскиот писател за деца Перо Миленковски на којашто присуствуваа членовите на библиотекарскта секција при ОУ „Лазо Ангеловски“, како и ученици од прво и четврто одделение

Најпрвин,  учениците добија можност да се претстават со свои лични творби и да изрецитираат делови од поетското творештво на Видое Подгорец. Преку прашањата поставени од учениците, писателот Перо Миленковски се претстави како автор на скромно, но значајно поетско творештво. Потоа, писателот ги презентираше основните податоци за животот и делото на Видое Подгорец и направи книжевен осврт кон неговите најзначјни книжевни остварувања претставувајќи го како врвен и најплоден книжевен творец во историјата на македонската литература за деца.

ЕВА СТОЈАНОВСКА ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОСВОИ ВТОРО МЕСТО НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“

blagica

 

Осмооделенката Ева Стојановска од ОУ „Лазо Ангеловски“, под менторство на библиотекарот Благица Ангеловска, го освои второто место на XV Општински натпревар „Млади библиотекари“ што неодамна го организираше Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. На овој натпревар учествуваа 55 ученици од 23 општински основни училишта од Скопје. Најдобрите тројца ученици според освоените бодови, меѓу коишто и нашата ученичка Ева Стојановска, продолжуваат да се натпреваруваат на претстојниот Републички натпревар што ќе се одржи во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, организиран од Библиотекарското друштво на Македонија.

Инаку, целта на натпреварот „Млади библиотекари“ е поттикнување на читањето кај младата популација и развивање на навиките за користење на библиотеките како културно – образовни и информативни институции.

Отворен час

otvoren caszakiotvoren caszaki2

 

Во ОУ”Лазо Ангеловски” е одржан отворен час по физика –Омов закон-со примена на ИКТ во наставата.Часот го одржа наставникот Жаклина Колевска во IX/6 одд.

Да ги заштитиме децата во сообраќајот

ОУ”Лазо Ангеловски” во соработка со Општина Аеродром се вклучи во кампањата” Да ги заштитиме децата во сообраќајот” првенствено насочена кон првачињата кои оваа година го започнуваат воспитно-образовниот процес. За таа цел во ОУ “Лазо Ангеловски” се организираа сообраќајно-едукативни предавања прилагодени на нивна возраст , практична настава  на улица и утврдување најбезбедна патека за движење на децата од дома до училиште.

sliki prvacinja