ОУ”Лазо Ангеловски” во соработка со Општина Аеродром се вклучи во кампањата” Да ги заштитиме децата во сообраќајот” првенствено насочена кон првачињата кои оваа година го започнуваат воспитно-образовниот процес. За таа цел во ОУ “Лазо Ангеловски” се организираа сообраќајно-едукативни предавања прилагодени на нивна возраст , практична настава на улица и утврдување најбезбедна патека за движење на децата од дома до училиште.