По повод 80 години од раѓањето на најплодниот македонски писател Видое Подгорец, во Градската библиотека „Јане Сандански“ беше организирана книжевна средба со македонскиот писател за деца Перо Миленковски на којашто присуствуваа членовите на библиотекарскта секција при ОУ „Лазо Ангеловски“, како и ученици од прво и четврто одделение
Најпрвин, учениците добија можност да се претстават со свои лични творби и да изрецитираат делови од поетското творештво на Видое Подгорец. Преку прашањата поставени од учениците, писателот Перо Миленковски се претстави како автор на скромно, но значајно поетско творештво. Потоа, писателот ги презентираше основните податоци за животот и делото на Видое Подгорец и направи книжевен осврт кон неговите најзначјни книжевни остварувања претставувајќи го како врвен и најплоден книжевен творец во историјата на македонската литература за деца.