Daily Archives: 20/10/2014

Голем одмор-МРТВ

go go2 go5 go6

 

На 13.10.2014год.(понеделник) нашето училиште учествуваше во образовната емисија на МРТВ „Голем одмор“.

Во емисијата учествуваа учениците од драмската секција изведувајќи ја „Еко химната“ на училиштето напишана од учениците Никица Манџуковски VIII- 2 и Марија Поповска VIII-2 одделение, а музика и аранжман на Ристо Самарџиев.

Потоа следеше натпревар по математика, следеа опити по хемија и физика.

Учениците се натпреваруаа и другаруваа. Со големо задоволство ги објаснуваа прекрасните изработки по техничко образование. Може да се каже дека сите се покажаа најдобро што можеа онака како што секогаш го прави нашето училиште ОУ„Лазо Ангеловски“.

Македонија без отпад

mk bez otpad1 mk bez otpad2 mk bez otpad3 mk bez otpad4 mk bez otpad5 mk bez otpad6 mk bez otpad7

 

Во рамки на проектот „Македонија без  отпад  2014“, во  периодот од 13.10.2014 до 18.10.2014 година учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ – Скопје земаа активно учество во акцијата за почиста околина.

Во училиштето беа организирани повеќе активности со цел промовирање на проектот и збогатување на знаењата на учениците за почиста и поздрава животна средина.

За развивање свест и едукација кај учениците беа  организирани  едукативни содржини по повеќе наставни предмети интегрирани во наставата.

Учениците од одделенска настава земаа активно учество во спроведување на активностите од овој проект. Заедно со нивните наставници изработија и презентираа голем број ликовни творби, литературни творби и еко-пораки на тема „Македонија без отпад“.

Исто така, учениците земаа учество во акцијата за расчистување на училишниот двор и беа поставени пораки (таблички со ппрепораки) за одржување на чистотата во училишниот двор и чување на околината.

Поради штетното влијание на пластичниот отпад врз животната средина, во нашето училиште се посветува големо внимание  на селектирање и отсранување на овој отпад. Минатата учебна година имавме одлична соработка со „Пакомак“ во акцијата за собирање пластични шишиња, која во голема мера ја зголеми свеста кај учениците и даде поттик за учество во други проекти за чиста околина.

Нашето училиште постојано учествува во  акции и проекти  за чиста и здрава животна средина, а како резултат на тоа е статусот ЕКО-УЧИЛИШТЕ  и сме носители на зелено знаме од проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.