Во просториите на “Даре Џамбаз”на 19.11.2014г. се одржа градски натпревар -Против пожарна заштита.ОУ”Лазо Ангеловски”го претставуваше екипа:Сара Коцевска ,Константина Сарваноска,Стефан Стојанов со менторот Жаклина Колевска и освоија прво место во категорија кадети.Државниот натпревар ќе се одржи во декември во Кочани.Посакуваме уште едно прво место.
Monthly Archives: November 2014
Меѓународна детска ликовна изложба „13 Ноември“ во детската библиотека „Другарче“
На 19 ноември 2014 г., во детската библиотека „Другарче“ во Скопје, ученици од ОУ „Лазо Ангеловски“, организирани од библиотекарот и одделенските наставници, зедоа учество со литературен настап на отворањето на Меѓународната детска ликовна изложба „13 Ноември“.
На оваа манифестација, чијшто организатор е Детскиот ликовен центар – Скопје, а генерален покровител е Градот Скопје, беа доделени награди на учесниците од Македонија, а меѓу нив беа наградени и ученици од ОУ „Лазо Ангеловски“. Воедно, гости на овој настан беа претставници од амбасадите на земјите – учесници од странство, односно од Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Украина.
Активности по повод Патрониот празник
На 04.11.2014г. во училиштето се одржа приредба по повод патрониот празник.Приредбата се одржа под мотото-Здрава храна-. Колку е здравата храна битна за нашето здравје , ни објаснија членовите на драмската секција низ една интересна драматизација.Директорот на училиштето госпоѓа Милка Тримчевска ги поздрави присутните и на сите им го честита празникот и 26-годишнината на училиштето .
8-мата мегународна конференција за усовршување на професорите по англиски јазик
Наставниците Мирослава Павлова-Аневска и Емица Здравев, предметни наставници по англиски јазик во О.У. „Лазо Ангеловски“-Скопје зедоа учество на 8-мата мегународна конференција за усовршување на професорите по англиски јазик.
Темата на конференцијата беше “Managing Teaching and Learning: Making the Most of Both Worlds” Еnhancing Teachers’ and Students’ Life and оrganisational Skills во траење од 3 дена, одржана од 31.10.2014 – 02.11.2014 год. Во текот на конференцијата, ние, наставниците се запознавме со современите практични трендови на настава и позитивни искуства споделени од нашите колеги кои ни овозможуваат подобар професионален и личен развој. Се надеваме дека стекнатите знаења ке ни бидат од корист и позитивните исходи од истите ќе ги почуствуваат и нашите ученици.