Monthly Archives: February 2015

Карневал во Прилеп “Прочка”

20150222_082547[1]

 

Во 6 града во Македонија, во 12  основни училишта, се изучува германски јазик од 1 одделение. Меѓу овие е и нашето училиште „Лазо Ангеловски“ од Скопје кое учествуваше на карневалот во Прилеп „Прочка“ на 22.02.2015г.Сите заедно за прв пат на овој карневал настапија под логото ДАКЛ 1 односно Германски јазик од 1 одделение, проект поддржан од Гете институт и МОН.

Осмоодделенците,со наставничката по германски јазик Симона Чиковска-Зафировска  го претставија најдобриот клуб во Бундеслигата,Баерн-Минхен.

Така децата ни покажаа дека германскиот јазик воопшто не е тежок, ако заедно се движиме.

Јазична трибина

SLIKI TRIBINA SLIKI TRIBINA1

 

На 20.02.2015г .во пресрет на 21.февруари ,Денот на мајчиниот јазик , во нашето училиште се одржа Јазична трибина.Учениците од VII  и VIII одделение истражуваа и подготвија три презентации, разработувајќи секојдневни теми поврзани со користењето, односно некористењето на македонскиот стандарден литературен јазик.Учениците ги подготвија следните теми под менторство на наставниците Костадинка Поповска и Благица Ангеловска

-Јазикот на младите и јазикот на социјалните мрежи-Употреба на нелитературен наспроти литературен стандарден јазик

-Текстовите во македонската поп рок музика-Евергрини наспрема денешните текстови.

-Преводи и синхронизации

Во оваа прилика беа прогласени и наградените ученици од распишаниот конкурс на училишната библиотека  кои пишуваа на следниве теми.

-Зборови разни за песни и сказни-за учениците од III-V ОДД.

-Моќта на зборовите- за учениците од VI-IX одд.

Првонаградените ученици ги прочитаа своите поетски творби.

 

Кендо презентација

 

kendo

 

На 11.02.2015г. во Спортскиот центар ”Ново лисиче”се одржа традиционалната средба меѓу учениците на нашето училиште и јапонското друштво”Џајка”.На оваа средба се промовираше јапонската вештина кендо од страна на Златко    Кеско .     Учениците од третите одделенија со наставничките Емилија Христова и Роберта Јордановска беа интерактивно вклучени во промоцијата на оваа древна јапонска вештина.Следната година нашата држава ќре биде домаќин на европското првенство во кендо.

Учество во емисијата „Голем одмор“

 

09008golem odmor1

 

На 5.2.2015 год. учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“  учествуваа во контактно – образовната емисија „Голем одмор“ во Македонската радио-телевизија. Учениците се претставија со разновидни содржини, под менторство на наставничката Костадинка Поповска и библиотекарот Благица Ангеловска, преку коишто беа промовирани тековните активности на училиштето и освоените успеси и награди. Во текот на емисијата, група ученици подготвија овошна и зеленчукова салата презентирајќи го најавениот „Готвач за здрава исхрана“, како дел од проектот „Претприемничко учење“ во којшто е вклучено училиштето. Исто така, учениците одговараа на квиз-прашања од областа на литературата, изведоа драматизации на текстовите „Здрава исхрана„ и „Во библиотека“, а ораторите се претставија со победничките говори од одржаната Ораторска вечер.

 

Работилници и обуки

majamaja slika

 

Во периодот на зимскиот распуст во нашето училиште се одржаа интерни работилници и обуки а, предавачи беа наставниците и стручните соработници.

Специфичности во работата со надарени ученици-дефинирање и идентификација-Цветанка Малческа

Вредности, верувања и принципи-Христијан Билински

Користење современи и креативни методи и техники на учење-Милена Игњатова и Валентина Петрова

Обработка на лектира и писмен состав-Маја Стојановска и Маја Наслатковска

Справување со ученици со несоодветно однесување-Иванка Николова и Аделина Давидовска

Наставниците преку овие обуки и работилници стекнаа нови искуства и знаења во врска со наставата.