Daily Archives: 12/02/2015

Кендо презентација

 

kendo

 

На 11.02.2015г. во Спортскиот центар ”Ново лисиче”се одржа традиционалната средба меѓу учениците на нашето училиште и јапонското друштво”Џајка”.На оваа средба се промовираше јапонската вештина кендо од страна на Златко    Кеско .     Учениците од третите одделенија со наставничките Емилија Христова и Роберта Јордановска беа интерактивно вклучени во промоцијата на оваа древна јапонска вештина.Следната година нашата држава ќре биде домаќин на европското првенство во кендо.

Учество во емисијата „Голем одмор“

 

09008golem odmor1

 

На 5.2.2015 год. учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“  учествуваа во контактно – образовната емисија „Голем одмор“ во Македонската радио-телевизија. Учениците се претставија со разновидни содржини, под менторство на наставничката Костадинка Поповска и библиотекарот Благица Ангеловска, преку коишто беа промовирани тековните активности на училиштето и освоените успеси и награди. Во текот на емисијата, група ученици подготвија овошна и зеленчукова салата презентирајќи го најавениот „Готвач за здрава исхрана“, како дел од проектот „Претприемничко учење“ во којшто е вклучено училиштето. Исто така, учениците одговараа на квиз-прашања од областа на литературата, изведоа драматизации на текстовите „Здрава исхрана„ и „Во библиотека“, а ораторите се претставија со победничките говори од одржаната Ораторска вечер.

 

Работилници и обуки

majamaja slika

 

Во периодот на зимскиот распуст во нашето училиште се одржаа интерни работилници и обуки а, предавачи беа наставниците и стручните соработници.

Специфичности во работата со надарени ученици-дефинирање и идентификација-Цветанка Малческа

Вредности, верувања и принципи-Христијан Билински

Користење современи и креативни методи и техники на учење-Милена Игњатова и Валентина Петрова

Обработка на лектира и писмен состав-Маја Стојановска и Маја Наслатковска

Справување со ученици со несоодветно однесување-Иванка Николова и Аделина Давидовска

Наставниците преку овие обуки и работилници стекнаа нови искуства и знаења во врска со наставата.