На 20.03.2015 година се одржа приредба во ОУ”Дане Крапчев” по повод денови на Франкофонијата.На оваа приредба учествуваа и ученици од нашето училиште под менторство на наставничката Милена Калиновска.Нашите”Лазовци” се претставија со две точки и добија многубројни пофалби за својот настап.
Monthly Archives: March 2015
Музички концерт
На 19.03.2015 година се одржа музички концерт во рамките на проектот “Претприемничко учење”. Тимот од наставници и ученици на проектот го подготвија овој концерт заедно со училишниот оркестар и соло изведувачите. На концертот беа присутни и претставници од Сецел организацијата од Загреб како подржувач на целиот проект.