Ива Угриновска ученичка од деветто одделение во ООУ„Лазо Ангеловски“ , под менторство на наставничката по француски јазик Милена Калиновска, го освои третото место на државниот натпревар-олимпијада по француски јазик,2015г.
Натпреварот се одржа на ден 25.4.2015г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ -Скопје и на него учествуваа повеќе од 50 ученика од Република Македонија.
Monthly Archives: April 2015
Млади таленти
На 20.4.2015г. во ООУ”Љубен Лапе”-Аеродром е одржан натпревар по музичко образование”Млади таленти” на кој учествуваа и нашите ученици под менторство на наставниците Тамара Колева и Ирена Христовска. Учениците Јован Ристовски и Мила Цветковиќ од IV/2 одд. ги освоија второто и третото место, а учениците Николина Огненовска VIII/3, Анастасија Петрова VIII/2 и Иван Димишков VIII/2 ги освоија третите места. Им честитаме на нашите ученици за освоените награди и им посакуваме уште многу успеси.
Гете-институт КВ Скопје распишува конкурс
Гете-институт КВ Скопје распишува конкурс за учество на меѓународен театарски камп што ќе се одржи од 20. – 30.06.2015 во Охрид.Меѓу учесниците е и нашето училиште „Лазо Ангеловски“ од Скопје. По тој повод се бараат мотивирани млади актери кои имаат основни познавања на германскиот јазик.
За пријавување потребно е да испратите видео во траење од најмногу 3 минути.
Олимпијада по француски јазик
На регионалниот натпревар-Олимпијада по француски јазик -за 2015 г. во категорија на ученици од IX одделение, овие ученици се квалификуваа за државен натпревар.Ива Угриновска освои прво место, Евгенија Стефановска освои второ место и Александар Трендов четврто место.На учениците им посакуваме многу среќа и успех во понатамошните натпреварувања.
Регионален натпревар по математика
На 28.03.2015 год. се одржа регионален натпревар по математика во ОУ ,,Димитар Македонски,, на кој учество земаа уцениците од IV-4 одделение и освоија две први,едно второ место и една пофалница:
Стефановска Мариела-1 место,
Стојановиќ Милијана -1 место,
Шаровиќ Максим -2 место и
Филиповски Борјан-пофалница.
Им посакуваме многу среќа и понатамошни успеси.