Monthly Archives: May 2015

Наградна игра на Тримакс

На наградната игра што ја организираше Тримакс книжарници со основните училишта, ученикот Андреј Трајчев ја освои главната награда ВИКЕНД ВО ОХРИД за две деца и возрасен. Радоста ја сподели со другарчињата од одделението, а посебно со својот брат близнак. Покрај главната награда, наградени се уште 135 ученика од ООУ„Лазо Ангеловски“. Честитки!

igra

Виртуоз на кларинет

Нашиот ученик Рикардо Хуна повторно заблеска и освои специјална награда на музичкиот натпревар во организација на Музички и балетски педагози на Република Македонија.Му посакуваме уште многу награди.

RIKI RIKI1

Регионален натпревар”Млади техничари и иноватори”.

zlatika zlatika1

 

На 25.04.2015г. наставниците по Техничко образование, Марија Ѓорѓевиќ и Златика Јолеска Даскалов, во својство на ментори учествуваа на акредитиран регионален натпревар”Млади техничари и иноватори”. Оваа година натпреварот се одржа во ОУ”Лазо Трпоски” под покровителство на општина Карпош. Во организација на Здружение на наставници по техничко образование НА Република Македонија, на натпреварот се натпреваруваа повеќе од 180 ученици во десет дисциплини.Учениците од ООУ”Лазо Ангеловски”со успех се натпреваруваа во седум дисциплини.Пласман за државен натпревар постигнаа:

Конструкторство- I место

Константина Сарвановска- VIII одд.-ментор Златика Јолеска Даскалов

Дизајнирање- II место

Зорица Ставрова  IX одд. -ментор Златика Јолеска Даскалов

Електроника -IV место

Бојан Гавровски VII одд.- ментор Златика Јолеска Даскалов

Бродомоделарство-V место

Димитар Нешкоски VII одд.- ментор Златика Јолеска Даскалов