На 6.5.2015 год., ученици од шесто до деветто одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ го посетија Меѓународен саем на книгата, заедно со библиотекарот и предметните наставници по македонски јазик.
Покрај промовирање на една од најзначајните културни манифестации, целта на посетата беше запознавање на учениците со современите книжевни наслови за деца и млади кои имаат битна улога во формирањето на читателската култура. Учениците ги разгледаа изложените книги, се интресираа за содржините, разговараа со одговорните на издавачките куќи, бараа совети за избор на книга итн. На крајот, меѓусебно ги разменија впечатоците од организираната посета истакнувајќи ја желбата за читање книги и значењето на овој организран книжевен настан.