Daily Archives: 20/05/2015

Филмски натпревар „Бескрајна приказна“

Во март 2015г. Гете институтите од Македонија и Турција распишаа конкурс за филмски натпревар наменет за учениците од училиштата кои учат Германски јазик од прво одд.Задачата беше учениците да подготват и одглумат сцена од филмот „Бескрајна приказна“.

Особено со својата глума се истакнаа ученичките од нашето ООУ„Лазо Ангеловски„ Гала Атанасова и Ева Стојановска од 8-2 одд. предводени од нивниот ментор наставник по германски јазик Симона Чиковска-Зафировска.Наградата за победниците е стипендија за учество на театарски камп во Охрид.

Успеси на секцијата по француски јазик

 

По повод Деновите на Франкофонијата во Македонија се претставија младите танчери оо француската секција.Деновите на Франкофонијата во нашето училиште беа одбележани со ликовна изложба.Ученикот Андреј Талески освои второ место на државниот натпревар по speling. Ученичката Ива Угриновска освои трето место на Олимпијада по француски јазик и четврто место на државен натпревар по диктат.Младите музичари Николина и Иван се претставија со песната La derniere danse-Indila на Франкофонската вечер во Домот на АРМ.

Ова се само највпечатливите моменти од активностите и успесите на секцијата по француски јазик во нашето училиште.

francuski francuski2 francuski3 francuski4 francuski 1