По повод „Светскиот ден за борба против гладта“ во ООУ„Лазо Ангеловски“ под мотото „Да му помогнеме на гладното другарче“ се организираше хуманитарна акција во собирање храна наменета за оние на кои најмногу им е потребна. Исто така, се спроведе и ликовен конкурс на којшто со прекрасни творби учениците ја изразија својата емпатија кон гладното другарче. Истиот ден во училиштето на големите одмори се слушаше музика од Тоше Проески потсетувајќи се на неговата прерана смрт и големото музичко дело со кое сите се гордееме.
Monthly Archives: October 2015
Трето место на Олимпијада по француски јазик
Ива Угриновска ученичка од деветто одделение во ООУ„Лазо Ангеловски“ , под менторство на наставничката по француски јазик Милена Калиновска, го освои третото место на државниот натпревар-олимпијада по француски јазик,2015г.
Натпреварот се одржа на ден 25.4.2015г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ -Скопје и на него учествуваа повеќе од 50 ученика од Република Македонија.
Конференција за инклузивно образование и работа со ученици со ПОП
Денови на ФРАНКОФОНИЈА
На ден 14.03.2015г. во ОУ„Лазо Ангеловски“ со ликовна изложба, изработки од
учениците се обележаа Деновите на Франкофонијата во Република Македонија.
На 20.03.2015 година се одржа приредба во ОУ”Дане Крапчев” по повод денови на Франкофонијата.На оваа приредба учествуваа и ученици од нашето училиште под менторство на наставничката Милена Калиновска.Нашите”Лазовци”
Франкофонија (фр. L’OIF) е службен назив на „Меѓународната организација на франкофонијата“ , за првпат употребен во 1880г. . Ја сочинуваат 56 земји членки 14 земји набљудувачи . Нејзиното мото е еднаквост, комплементарност, солидарност. Франкофонијата работи и на развојот на лингвистиката и културата во ерата на глобализацијата.
Посета од Кембриџ
На ден 18.03.2015г. во ОУ „Лазо Ангеловски“ беа во посета г. Алан Крос и г-ѓа Алисон Бортвик претставници од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ со советници од Бирото за развој на образованието. Целта на посетата беше мониторинг на реализацијата на адаптираните наставни програми по предметите математика и природни науки.