Monthly Archives: November 2015

Здрава храна, за детство без мана

Во приодот од 10-20.11.2015 година во нашето училиште беше реализирана Еко-кампањата „Здрава храна, за дртство без мана“. Целта на кампањата беше подигање на свеста за здравата храна и здравата исхрана кај сите ученици од училиштето, родителите и пошироката заедница.

Кампањата започна со организација на училишниот литаретурен и ликовен конкурс на тема: „Здрава храна за детство без мана“. Конкурсот траеше од 10 – 16. 11. 2015 година. На ликовниот конкурс учество земаа учениците од I – IX одделение со ликовни творби и изработки од разновиден материјал (хартија, картон, пластика, пластелин и сл.). Комисијата избра најдобри цртежи/ изработки кои освоија Дипломи за I, II, III место како и Пофалници за оригинална идеа и креативност. Наградени беа следните ученици:

Одделенска настава

  • I место (колекција): III-3 одд.
  • I место (изработка): Михаела Лазаревска II-2 одд.
  • I место (цртеж): Лина Крстеска II-4 одд. и Мариела Стефановска V-4 одд.
  • II место (цртеж): Марија Саралиевска V-5 одд. и Анастасија Пецеска II-3 одд.
  • III место (цртеж): Елена Велкоска II-4 одд. и Дамјан Трипуновски II-3 одд.
  • Пофалени (цртежи): Ева Георгиева II-3 одд., Марко Колевски II-4 одд. и Ане Трајановска II-3 одд.

Предметна настава

  • I место (цртеж): Марија Петровска VIII-1 одд.
  • II место (цтреж): Лара Зариќ VIII-3 одд.
  • III место (цртеж): Мануела Сали VIII-7 одд.
  • Пофалени (цртежи): Ивана Минкова VIII-4 одд., Јована Јанковска VIII-1 одд. и Магдалена Божиноска VII-6 одд.

На литературниот конкурс учество земаа учениците од III – IX одделение со литературни творби од поезија и проза. Комисијата избра најдобри творби кои освоија Дипломи за I, II, III место како и Пофалници за оригинална идеа и креативност. Наградени беа следните ученици:

  • I место: Јована Таневска IV-5 oдд.
  • II место: Лина Продановска IV-3 одд.
  • III место: Лео Симоновски IV-4 одд.
  • Пофалени: Тина Туџарска III-4 одд. Филип Поповски III-1 одд. Томи Јованов VIII-6 одд. Антонио Илиевски VIII-6 одд. Емилија Станковска VIII-6 одд.

Дипломите и Пофалниците им беа свечено доделени на учениците за време на Литературното читање одржано на 20.11.2015 година

Во рамките на Кампањата на 18.11.2015 година беше органицирана и одиграна претставата „Здрава храна за болното другарче“. Претставата беше напишана и одиграна од страна на учениците – членови на драмската секција на училиштето под менторство на наставник по македонски јазик Костадинка Поповска. По одржаната престава беше одржана промоција на Готвачот за здрава храна, кој беше изработен од страна на учениците и наставниците од училиштето во рамките на проектот „Воведување на претприемничкото учење во образовниот систем на РМ“ под покровителство на SEECEL, под менторство на координаторот на проектот, наставник по англиски јазик, Милена Игњатова.  На настанот беа присутни ученици од училиштето, родители, преставници од општина Аеродром и пошироката јавност.

hrana hrana1 hrana3 hrana5 10hrana 15hrana

Празник на училиштето

По повод патрониот празник на нашето училиште во петок на 06.11.2015г. во аулата на училиштето се одржа драмската претстава “Соседи си се соседи” во изведба на драмската секција со учество и на наставниците од училиштето.

patronat patronat1 patronat2

Празник на училиштето

На 04.11.2015г., по повод патрониот празник на училиштето, литературната секција одржа литературно читање.Наградените и пофалените ученици ги прочитаа своите лични творби и уште еднаш докажаа дека пишаниот збор ја има силата на сплотување и бришење на сите бариери и граници.

lit