Monthly Archives: December 2015

Хуманитарна акција “Од децата -за децата”

На ден 29.12.2015г. ученици од ООУ„Лазо Ангеловски“ ги посетија своите
другарчиња, децата од Домот за деца без родители„11 Октомври“. Заеднички приредија прекрасна приредба и направија вистинска празнична атмосфера. Учениците од ООУ„Лазо Ангеловски“ со поддршка и од родителите,на дечињата од Домот им подарија новогодишни пакетчиња што им ги додели Дедо Мраз.12377733_1639653679617133_1809362069130037216_o 12401858_1639653922950442_580502643201595411_o

„Trash for art 2015“

По повод на конкурсот „Trash for art 2015“ кој го организираше ПАКОМАК во периодот од 01-15.12.2015 година во нашето училиште беше спроведена еко-акција под истото име. За таа цел беше распишан ликовен конкурс на тема По повод на конкурсот „Trash for art 2015“ кој го организираше ПАКОМАК во периодот од 01-15.12.2015 година во нашето училиште беше спроведена еко-акција под истото име. За таа цел беше распишан ликовен конкурс на тема „Продолжи ја приказната – направи уметничко дело од амбалажен отпад“ на кој учествуваа учениците од I и IX одделение изработувајќи уметички дела од најразновиден амбалажен материјал (лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, обвивки и сл). Најдобрите уметнички дела учествуваа на наградниот конкурс на ПАКОМАК одржан на 15.12.2015 година. “ на кој учествуваа учениците од I и IX одделение изработувајќи уметички дела од најразновиден амбалажен материјал (лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, обвивки и сл). Најдобрите уметнички дела учествуваа на наградниот конкурс на ПАКОМАК одржан на 15.12.2015 година.

CAM00929 CAM00933 CAM00936

 

 

Ликовен конкурс-Институт за јавно здравје и Еко-свест

Институтот за јавно здравје и Центарот за истражување и информирање за животната средина – Еко свест на 21.12.2015 година организираа  акцијата за подигање на свеста кај општата популација и со таа цел да се влијае на намалувањето на аерозагадувањето. Распишаа конкурс за дизајн на честитка која треба да ја подигне свеста кај јавноста за последиците од аерозагаденоста. На тој конкурс учествуваа учениците од IV одд. , а ученичката Стефанија Бинчевска од IV-3 одд., ментор м-р одд. наставник Сања Манојловиќ  доби прва награда на ниво на град Скопје.

Учество и добиено второ место на ученичката од паралелката IV- 4 Mарија Митовска /ликовен конкурс/ при Институтот за Јавно здравје на Р.Македонија и Центарот за истражување и информирање за животна средина еко-свест ,  за подигање на свеста кај јавноста за последиците од аерозагаденоста – Одговорен наставник: Емилија Христова.

Честитките се изработени од трите најдобри цртежи од учениците од основните училишта „Јохан Хајнрих – Песталоци“, „Лазо Ангеловски“, „Рајко Жинзифов“ и „Св. Климент Охридски“ на тема „Да ја подигнеме свеста кај јавноста за последиците од аерозагаденоста“

Прво наградената Стефанија Бинчевска IV-3 одд. ментор: м-р Сања Манојловиќ, Марина Кујунџиева –координатор на проектот за нашето училиште, директор: м-р Милка Тримчевска.

Slide1 Slide2 Slide3

Ораторска вечер

На 10.12.2015г. во нашето училиште се одржа традиционална Ораторска вечер на која учениците, водени од мислата на познатиот говорник Цицерон дека мудрите мисли го возвишуваат духот, а убавите зборови го милуваат увото и го креваат духот на слушателот ,ги искажаа своите мисли, а ние слушателите ја почувствуваме силината на убавиот збор.

Првото место го освои ученикот Филип Наумовски од IX/4 одд.

Второ место и припадна на ученичката Ева Стојановска од IX/2 одд.
Третото место го освои ученичката Антонела Давитковска од VIII/1 одд.

 

ora2ora1ora