Monthly Archives: January 2016

Средба на Министерката за култура со наградувани ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“

На ден 25.01.2016 година Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари средба со ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“ кои во изминатиот период беа добитници на повеќе награди на меѓународни и на домашни конкурси и натпревари по ликовно образование и математика. На средбата, на која присуствуваа и директорката на училиштето „Лазо Ангеловски“ Милка Тримчевска и одделенскиот наставник Светлана Јосифовска, беше посочено дека учениците континуирано се добитници на многу признанија, преку кои успешно ја афирмираат културата на Република Македонија во меѓународни рамки. Министерката за култура им честиташе за сите освоени награди и ја поздрави посветеноста на наставниците во акцентирањето на важноста на културата во воспитно-образовниот процес.

01a_poseta_25_01_2016_640x400 05_poseta_25_01_2016_640x400

Промоција на сликовницата „Мајка Тереза-приказна за добрината“

На ден 14.1.2016 година во Спомен домот „Мајка Тереза“ беше промовирана првата сликовница на македонски јазик посветена на нашата сограѓанка Мајка Тереза, под покровителлство на Министерството за култура и во присуство на министерката Елизабета Канческа – Милевска и директорката на Спомен домот Рената Кутера-Здравковска. Сликовните илустрации се на Јулија Никовска Пешевска, а стручен консултант е Светлана Јосифовска, одд. наставник од ООУ„Лазо Ангеловски“. Милијана Стојановиќ, ученичка од ООУ„Лазо Ангеловски“ ја изрецитира поемата за Мајка Тереза „Проштевање“, а интерпетираше и извадоци од сликовницата, како и мудри мисли од Мајка Тереза.

12540640_10208580115522977_7963139296930218592_n  12565393_10208580117563028_1617051543995537194_n  12495195_10208580117843035_6275082426279791140_n  12552735_10208580118523052_5643134296006949636_n