На 27.2.2016г. се одржа регионален натпревар по германски јазик „Германска олимпијада“, во ООУ„Коле Неделковски“, општина Центар, Скопје, на кој учествуваа ученичките од нашето училиште Ева Стојановска и Гала Атанасова од IX-2 одд. и кои за истиот добија потврди за учество. Ученичките беа со наставник-ментор по германски јазик Симона Чиковска-Зафировска.
Monthly Archives: February 2016
Општински натпревар по математика
На 27.02.1016 год. се одржа општинскиот натпревар по математика во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“. На натпреварот учествуваа учениците од нашето училиште и ги освоија следните резултати:
име и презиме | клас | ментор/име и презиме | награда |
Мариела Стефановска | V-4 | Снежана Димовска | I |
Марија Станчева | V-3 | Слободанка Милевска | I |
Кристина Тасева | VII-1 | Виолета Булбуловска | I |
Дара Колевска | V-3 | Слободанка Милевска | III |
Мила Спасевска | VI-6 | Радмила Гиговска | III |
Антонија Крајчевска | VIII-3 | Вангелица Поповска | III |
Гала Додевска | IV-3 | Сања Манојловиќ | Пофалница |
Милијана Стојановиќ | V-4 | Снежана Димовска | Пофалница |
Габриела Смиленковска | V-1 | Вангелина Мојаноска | Пофалница |
Ивана Коцева | VI-2 | Лолита Трајковска | Пофалница |
Моника Гиевска | IX-5 | Вангелица Поповска | Пофалница |
Марко Дураков | IX-2 | Радмила Гиговска | Пофалница |
Концерт на гудачки квартет
На ден 26.2.2016 година во ООУ„Лазо Ангеловски“ се одржа првиот од четирите концерти на класична музика наменети за деца во организација на Пламенка Трајковска-мали камерни состави во рамките на проектот „Класика за деца“. Концертот насловен како „Гудачки квартет во наше маало“ за учениците претставуваше вистинско уживање и побуди посебен интерес за гудачките музички инструменти.
Вежба за евакуација при пожар
На ден 25.2.2016 година во ООУ „Лазо Ангеловски“ се спроведе вежбовно сцeнарио за евакуација на безбедно место при појава на пожар во објектот. Вежбата се реализираше со припадниците на Универзалнаѕа единица за заштита и спасување во јачина на одделение во ООУ„Лазо Ангеловски“, другите вработени во училиштето и учениците, а во организација на Одделението за обуки на Секторот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување при Влада на Република Македонија.
На барање на менаџментот на училиштето за обука на просторните сили за заштита и спасување на ООУ„Лазо Ангеловски“, Дирекцијата за заштита и спасување изготви елаборат за обука на универзалната единица за заштита и спасување во јачина на одделение на ООУ„Лазо Ангеловски“-општина Аеродром. Се направи план за спроведување на обуката и истата беше успешно реализирана.
Вежбовното сценарио како завршен дел од Елаборатот се изведе на висина на задачата со примена на сите мерки и постапки при појава на пожар во училиштето.
Општински натпревар по физика
На 20.02.2016 год. се одржа општински натпревар по физика во ООУ.„Александар Македонски“. На натпреварот учествуваа: учениците од нашето училиште и тоа:
Ева Стојановска, IX-2 одд.
Викторија Митрева, IX-4 одд
Константина Саваноска, IX-4 одд
Деница Ќорвезир, IX-3 одд
Антонија Крајчева, VIII-3 одд
Лазар Мицев, VIII-1 одд
На регионален натпревар продолжуваат:
Ева Стојановска, IX-2 одд
Викторија Митрева, IX-4 одд
Деница Ќорвезир, IX-3 одд
Антонија Крајчева, VIII-3 одд
Лазар Мицев, VIII-1 одд