На ден 31.03.2016 година учениците од III-1 одд. преку игра, песна и драматизација ја изведоа претставата „Пролетен повик“ во детската градинка „Буба Мара“-општина Аеродром.
Monthly Archives: March 2016
Општински натпревар по англиски јазик за основно образование
На општинскиот натпревар по англиски јазик за основно образование одржан на 26.03.2016 година од страна на ЕЛТАМ-Асоцијација на наставници по англиски јазик на РМ, акредитирана за организирање на натпреварите по англиски јазик од страна на МОН, учествуваа 4 ученици од нашето училиште и ги постигнаа следните резултати:
На натпреварот за V одделение:
I место - Милијана Стојановиќ V-4 одд, ментор Морфа Петровска
I место - Мартина Јаначковска V-6 одд, ментор Морфа Петровска
На натпреварот за IX одделение:
I место – Ема Шамаковска IX-2 одд, ментор Мирослава П. Аневска
III место – Ана Мaрија Јанкова IX-5 одд, ментор Мирослава П. Аневска
Со ова учениците се пласираа за учество на Регионалниот натпревар по англиски јазик за основно образование кој ќе се одржи на 16.04.2016 година.
Државното првенство во кошарка за основни училишта (женски)
На Државното првенство во кошарка за основни училишта (женски) екипата на ООУ„Лазо Ангеловски“ го освоија првото место и се закити со титулата државен првак.
Во финалето играа со екипа од Пробиштип коишто убедливо ги совладаа и претрпеа пораз на теренот.
Девојчињата, како и момчињата од ООУ„Лазо Ангеловски“ докажаа дека само со напорни тренинзи и добра стратегија се освојува супериорното прво место.
Екипата на кошаркарките ја водеа наставниците по физичко и здравствено образование Петар Ацески и Марјан Куцулоски.
Домаќин на Државниот натпревар којшто беше во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт беше ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ кои на првенството го освоија третото место.
Регионален натпревар по македонски јазик
На ден 26.03.2016 година ученикот Лука Шаровиќ од IX-2 одд. учествуваше на Регионален натпревар по македонски јазик. Наставник-ментор: Костадинка Поповска
Државен натпревар во категорија диктат по француски јазик
На ден 26.03.2016 година на Државниот натпревар во категорија диктат по франзуски јазик, ученикок Андреј Талески од VIII-6 одделение освои четврто место под менторство на наставникот по француски јазик, Милена Калиновска.