Daily Archives: 27/03/2016

Општински натпревар по англиски јазик за основно образование

На општинскиот натпревар по англиски јазик за основно образование одржан на 26.03.2016 година од страна на ЕЛТАМ-Асоцијација на наставници по англиски јазик на РМ, акредитирана за организирање на натпреварите по англиски јазик од страна на МОН, учествуваа 4 ученици од нашето училиште и ги постигнаа следните резултати:

На натпреварот за V одделение:

I место - Милијана Стојановиќ V-4 одд, ментор Морфа Петровска

I место - Мартина Јаначковска V-6 одд, ментор Морфа Петровска

На натпреварот за IX одделение:

I место – Ема Шамаковска IX-2 одд, ментор Мирослава П. Аневска

III место – Ана Мaрија Јанкова IX-5 одд,  ментор Мирослава П. Аневска

Со ова учениците се пласираа за учество на Регионалниот натпревар по англиски јазик за основно образование кој ќе се одржи на 16.04.2016 година.

Државното првенство во кошарка за основни училишта (женски)

На Државното првенство во кошарка за основни училишта (женски) екипата на ООУ„Лазо Ангеловски“ го освоија првото место и се закити со титулата државен првак.
Во финалето играа со екипа од Пробиштип коишто убедливо ги совладаа и претрпеа пораз на теренот.
Девојчињата, како и момчињата од ООУ„Лазо Ангеловски“ докажаа дека само со напорни тренинзи и добра стратегија се освојува супериорното прво место.
Екипата на кошаркарките ја водеа наставниците по физичко и здравствено образование Петар Ацески и Марјан Куцулоски.
Домаќин на Државниот натпревар којшто беше во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт беше ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ кои на првенството го освоија третото место.

12523985_1668810630034771_1659525980142457113_n 992818_1668810613368106_9026724097425260089_n

Државен натпревар во категорија диктат по француски јазик

На ден 26.03.2016 година на Државниот натпревар во категорија диктат по франзуски јазик, ученикок Андреј Талески од VIII-6 одделение освои четврто место под менторство на наставникот по француски јазик, Милена Калиновска.