На 28 април 2016 година во Собранието на Република Македонија се одржа Отворен ден за посета, при што Собранието го посетија ученици од ООУ„Лазо Ангеловски“.
Ова претставуваше можност учениците да го разгледаат свечениот дел на зградата на Собранието.
Monthly Archives: April 2016
Приредбата ,,Пролетен повик”
Хуманитарен велигденски базар
С О О П Ш Т Е Н И Е
ОOУ„Лазо Ангеловски“-општина Аеродорм,Скопје согласно Законот за основно образование од 03.05.2016г. до 31.05.2016г. врши запишување на деца кои ќе посетуваат прво одделение во учебната 2016/17 г.
Законска обврска на родителите е да ги запишат во прво одделение од деветтолетката сите деца кои се родени во периодот од 01.01.2010 до 31.01.2011 год.
Родителите треба при уписот да ги достават следниве документи:
1. Извод од матична книга на родените;
2. Потврда за примените задолжителни вакцини за детето (издадена од надлежна здравствена установа)
3. Потврда за систематски преглед од стоматологот одговорен за училиштето- поликлиника Јане Сандански
4. Запишувањето на децата се врши кај стручната служба, секој работен ден од 9:00 до 17:00 часот.
Со стручните соработници се договара време за разговор со детето на кој треба да присуствува еден од родителите со лична карта.
Директор:
м-р Милка Тримчевска
Круг на хуманост
По повод христијанскиот празник Велигден на иницијатива на Светлана
Јосифовска-одделенски наставник, во училиштето е спроведена активност „Круг на хуманост“ (редење на монети) во рамки на хуманитарен проект. Носители на проектот се: Проефект,„Спомен куќата Мајка Тереза“ и ООУ„Лазо Ангеловски“. Цел на проектот е развивање на перцепција на хуманост кај учениците, наставниците и родителите. Кон активностите од проектот се вклучија и другите училишта од општина Аеродром и училиштата од општина Гази Баба.
Со овој заеднички проект ќе се додели хуманитарен пакет на деца болни од ретка болест кои се од социјално загрозени семејства.