Daily Archives: 22/04/2016

Обележување на Денот на планетата Земја

Во рамките на обележување на Светскиот ден на планетата Земја на ден 22.04.2016 година во нашето училиште се спроведе акција под мотото “Моето позитивно влијание врз локалното опкружување”. Во присуство на амбасадорката на Франција ,нејзината екселенција г–ѓа Лоренс ОЕР, во организација на Хотел IbisSkopje City Center во ООУ „Лазо Ангеловски“ заедно со учениците сезасадија 60 садници бели ружи како симбол на почит на локалната заедница и грижа за најмладите генерации кои го посетуваат ова училиште.
Белите рози се познати по нивниот капацитет за оксигенизација и апсорпција на јаглерод моноксид, што ги прави идеални за обезбедување воздушни струи и пријатна атмосфера во училиштата. Белите рози или растенијата генерално, се од суштинско значење за постигнување на позитивни резултати во процесот на настава – процесот на учење. Импресиите може да имаат позитивно влијание врз односот на детето кон училиштето.

13012770_1678684722380695_8207839612038552220_n 13083337_1678685032380664_6579902806722534274_n 13077000_1678685095713991_1280115841139207601_n 13076669_1678685735713927_4776068684710627043_n 13055360_1678686665713834_6060081461853482199_n

Регионален натпревар по Олимпијади за француски јазик

На ден 22.04.2016 година се одржа регионалниот натпревар по Олимпијади за француски јазик, на кој ученици од нашето училиште ги освоија следните резултати:

III место – Ема Пауновска IX-4 одд. – ментор Милена Калиновска

IV место – Филип Наумовски IX-4 одд.- ментор Милена Калиновска

Двајцата продолжуваат на државниот натпревар.