Daily Archives: 26/04/2016

Ликовен конкурс за редизајн на веќе постоечки симбол

Школата за уметност „Џолев и уметностите“ – Скопје, распишa ликовен конкурс за редизајн на веќе постоечкиот симбол, од којшто треба да произлезе лого и логотип за новите детски програми.

На конкурсот учествуваа над 100 ученика, а ученичката Јована Манчевска од V-3 одд. доби награда за најдобро иновативно решение.

13092054_1680161335566367_3718643486133359903_n

Еко тим за рециклирање е-отпад

На 22.04.2016, по повод Светскиот ден на Планетата Земја учениците од III – 3 одделение учествуваа во креативната работилница „Еко тим за рециклирање е-отпад“ и со помош на Фрижидерко, Пегличка, Сијаличка, Телевизорко и Капетан Рециклирко формираа 6 тимови за рециклирање е-отпад.

Тие имаа можност 120 минути да се забавуваат и да учат за негативните влијанија од е-отпадот врз животната средина, за составот на е-отпадот како и за правилното постапување со овој тип на отпад.

Откако боењето беше завршено, цртежите беа залепени на големи хамери и оттука завршија во ходниците на училиштето за да можат и другите ученици да научат повеќе за начинот на постапување со е-отпадот.

img21 img12 img11 img10 img9 img18 img13 img17 img16 img15 img14

Едукативен автобус

На ден 26.04.2016 година едукативниот автобус ги возеше децата од ООУ “Лазо Ангеловски” од Општина Аеродром. Претставниците на МВР и АМСМ се потрудија преку практични примери за основните правила и прописи, да ги едуцираат учениците како безбедно да учествуваат во сообраќајот.

12115808_1680177305564770_8011300426600487744_n 13055541_1680177405564760_7541601669802977383_n 13076898_1680177388898095_2705133851484704937_n 13087464_1680177505564750_3051111733373515253_n 13092004_1680177718898062_4926660211669029039_n 13043345_1680177452231422_40895590651018552_n 13087348_1680177542231413_5113480372769970502_n