Во периодо од Јули 2015 до Јули 2016 год. во нашето училиште беше реализиран Проектот „Електричниот отпад создава можности – WEEE Creates possibilities“, финансиран од Американската Амбасада во Скопје и имплементиран од Центарот за климатски промени.
Целта на проектот е да ја подигне свеста на населението со фокус на децата од основните училишта во државата за негативните влијанија на електричниот и електронски отпад (ЕЕО) врз животната средина и здравјето на луѓето како и да ја истакне потребата од селектирање на овој отпад.
За време на проектот во училиштето беше поставен пластичен контејнер за одлагање на отпад од електрична и електронска опрема и беа одржани неколку презентации за учениците од целото училиште.
За времетраењето на проектот во нашето училиште беше собран 830 кг. е-отпад и со оваа собрана количина училиштето го освои III место. Финалниот настан во проектот под наслов „Играј, пеј и рециклирај Е-отпад“ се одржа на 29.05.2016 во 14ч, во Градски парк на Школка на кој учествуваа ученици од нашето училиште со неколку точки: ритмичка точка, рецитал, изведба на еко химната и еко песна. За време на настанот трите наградени училишта добија награди од колективниот постапувач Елколект Доо Скопје.
Контејнерот за е-отпад остануваат во нашето училиште и истиот ќе се користи за собирање на електричен и електронски отпад и во текот на наредната учебна година.