Daily Archives: 13/05/2016

Кампања за подигнување на свеста за одговорното сопствеништво

Со промотивен настан за актуeлизирање на прашањето за одговорно сопствеништво и за правата и обврските на сопствениците на домашни миленици, денес, под мотото “Биди неговиот херој”, пред спомен фонтаната на Тоше Проески на Детската улица во населбата Ново Лисиче, Агенцијата за храна и ветеринарство го одбележи почетокот на регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и за контролата на бездомните кучиња во балканските земји.
Најбројните на овој настан – децата се и најголемите љубители на домашни миленичиња.
На учениците кои присуствуваа на настанот, поделен им беше промотивен материјал – постер, боенка за најмладите, брошура за одговорно сопствеништво, а за повозрасните прашалник за потенцијалните одгледувачи на кучиња како и брошура за одговорно сопствеништво. Дечињата и присутните ги забавуваа децата од Детскиот хор Златно славејче и рок бенд.