Daily Archives: 18/05/2016

Натпревари „МЛАДИ МУЗИЧАРИ И ИНТЕРПРЕТАТОРИ“

Во организација на Здружението на Музичките педагози на Р.Македонија се реализираа натпревари „МЛАДИ МУЗИЧАРИ И ИНТЕРПРЕТАТОРИ“ во две натпреварувачки дисциплини

-          I- Дисциплина  Хорови и Оркестри

-          II –Дисциплина Вокални интерпретатори (солисти, дуети, триа  и др. вокални состави до 8 члена), и инструменталисти (солисти, дуети, триа  и др. вокални состави до 8 члена);

Натпреварите се реализираа на Општинско и Државно ниво во месеците Април и Мај 2016 год.

Нашето училиште учествуваше во двете дисциплини:

На 19.04.2016 на Општинските хорски смотри настапи Хорот (38 члена) кој го освои II – место

Во втората дисциплина на Општинските хорски смотри се натпреваруваа  солистите кои ги освоија следните места:

I место – Јулија Ѓорѓиеска  V1- солист пејач со пијано „Falling in love

II место  - Мила Цветковиќ V2  - солист пејач со матрица„ Love your self“

II место  - Сара Бурнеска V2  -солист пејач со матрица „Writings on the wall“

III место – Јован Ристовски V2 -солист пејач со матрица „ Drag me down“  

III место – Анета Вртеска VII –солист пејачсо матрица „Skyfall“ Adel

III место – Анастасија Ѓорѓиеска VIII1 –солист пејач со гитара

Пофалница  - Моника Цанева- VIII1 солист пејач со матрица„Aint nobody“

I место – Квартетот со композицијата „ Writings on the wall “

  • Теодора Камчевска VIII2 -солист пејач ,
  • Ева Стојановска  IX2 –пијано
  • Емилија Грковска VIII2-виолина,
  • Иван Димишков  IX2–гитара

I место – Дуото со народната песна „Твојте очи Лено мори

  • Ева Живковска IX 2-солист пејач
  • Гала Атанасова IX 2 –пијано придружба

Натпреварувањето  на Државно ниво продолжи за учениците кои членуваат во  Квартетот (на Општинското ниво го освоија 1 место), кој  се реализираше на 8 мај 2016г.во „Домот на културата“ Кавадарци, каде беше освоено III место во конкуренција на солисти од цела  држава.