Пристигнаа медалите и дипломите на учениците од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ кои во изминатиот период беа добитници на повеќе награди на меѓународни и на домашни конкурси по ликовно образование. Се закитија со нови награди и ја промовираа државава во светот.Земаа учество на меѓународниот ликовен конкурс во Газиантеп – Турција кој беше организиран од страна на Mizyel Gallery Museum. Ученичката Ана Трајановска од II-3 одделение освои златен медал и диплома и нивните наставнички Марина Нанева и Слаѓана Атанасовска за менторство добија дипломи, ученичката Андреа Лукарова од II-4 одделение освоиви сребрен медал и диплома а нивните, наставнички Светлана Јосифоска и Јана Перковска за менторството добија дипломи. Учениците Ева Блажевска, Алек Атанасовски и Каја Михајлова од III-3и Марија Златановска од V4 се закитија со дипломи за најуспешни цртежи за изложба, а нивните наставнички Марија Матеева, Драгана Николова и Снежана Димовска за менторство добија дипломи.
Monthly Archives: June 2016
Посета од едукативен карактер на Полициската станица – Аеродром
На ден 8.6.2016г. учениците од III – 3 одделение од ООУ „Лазо Ангеловски“ беа во посета од едукативен карактер на Полициската станица – Аеродром. Целта на посетата беше приближување и запознавање на учениците со полициското работење, надлежности, работни простории, опрема, возила и слично.
Добиен грант од Еразмус+ програмата, клучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности
По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 2-ри Февруари 2016 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од одобрените грантови од програмата Еразмус+ на Европската комисија. Нашето училиште е прво-рангирано во листата за училишно образование. Резултатите можат да се видат на следниот линк.
Клучнa Акција КА101: Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната свест. Проектите за мобилност на наставниците овозможуваат можност за мобилност и меѓународна соработка со училишта од европските земји, а сето ова ќе придонесе за интернационализација на македонските образовни институции но и за зајакнување на нивниот личен и професионален развој и развивање на професионални вештини и компетенции.
Во рамките на одобрениот проект на нашето училиште, планирана е посета на два вида на обуки и тоа:
- обука за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби и
- обука за развивање на ИКТ компетенциите.
Државен натпревар по Природни науки за IV и V одд.
Официјалните резултати од првиот Државен натпревар по Природни науки за IV и V одд. одржан на 04.06.2016 на ПМФ, се следните:
Прва награда – Мариела Стефановска V-4 одд.
Трета награда:
Милијана Стојановиќ V-4 одд. и Марија Станчева V-3 одд.
Лина Продановска IV-3 одд.и Гала Додевска IV-3 одд.
Пофалници:
Мартина Јаначковска V-6 одд. и Матеј Спасевски V-2 одд.
Учество – Габриела Смиленовска V-1 одд. и Јована Таневска IV-5 одд.
Симон Трпчевски гостин на музички настан во ООУ„Лазо Ангеловски“
На ден 6.6.2016 година во ООУ„Лазо Ангеловски“ во организација на
училиштето и Здружението „Паркот на музиката“ и чичко Кире се одржа музички концерт на којшто со своето присуство не почести славниот пијанист г. Симон Трпчевски .
На концертот на пијано настапија: Александра Ата, Софија Лалчевска и Инес Неделковска, ученичка во ООу„Лазо Ангеловски“. Настанот го водеше музиколог проф. Викторија Коларовска Гмирја. Учесниците добија ликовен портрет, а г. Симон Трпчевски им подари CD со негови изведби. Настанот беше вистинско уживање за учениците и вработените.