е-Твининг тематска конференција за професионален развој во Италија (Фиренца), 21-23 септември 2016
Тематската конференција беше организирана од страна на Италијанската еТвининг НСС во соработка со централната еТвининг ЦСС, Европската комисија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Италија. На конференцијата беа присутни 250 наставници, директори и преставници од Националните еТвининг НСС од 35 земји. Од нашето училиште учесник на конференцијата беше наставник по англиски јазик и координатор на Тимот за Еразмус+ проекти, Љубица Ружинска.
Целите на конференцијата:
- споделување и размена на искуства што ги овозможува еТвининг програмата за придонес на промовирање на Европските вредности;
- подобрување на социјалните, цивилните и интеркултурните вештини, критичкото размислување и дигиталната писменост кај наставниците и учениците преку промовирање на размена на идеи и добри пракси;
- можност за создавање на нови партнерства кои би придонеле кон развивање на нови меѓународни проекти во иднина.