Monthly Archives: October 2016

„Штедење и хуманост“

Ученикот МИХАИЛ ЦВЕТАНОВСКИ НАГРАДЕН ЗА ЦРТЕЖ НА тема „Штедење и хуманост“
По повод светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во галерискиот простор на НЛБ Банка свечено се отвори изложбата на детски цртежи на тема: „Штедење и хуманост“.
Цртежите се собираа преку организирани забавно – едукативни посети на повеќе градинки и училишта во Македонија и во експозитурите на Банката. Во текот на НЛБ Месецот на штедење беа собрани околу 1.700 цртежи.
Најдобрите цртежи на отвoрањето на изложбата беа наградени со парична награда и пофалници, а притоа беа доделени и благодарници на сите училишта и градинки кои учествуваа во активностите за цртање.
НЛБ Банка за прв пат во рамките на оваа изложба ќе организира посебен хуманитарен настан на кој ќе се врши продажба на детските цртежи.

14590462_1751749655074201_4358792189154520197_n 14632962_1751749591740874_7907101296161481914_n

Отворен час

На ден 28.X 2016 на отворениот час по германски јазик во VI4 одд ,со наставничката Анета Талеска, се учеше за Meine Familie (Моето семејство). Преку колаборативно учење, дикусии, работа во групи и парови, играње игри и други куси активности, се научи за oma и opa и сите останати членови на семејството. Заедно со учениците сите беа заинтересирани, ангажирани и се забавуваа. Одличен пример на добра практика.

14947800_1756582114590955_2474247487198856104_n

Најава- пет ученички во посета на Лондон

Од вкупно 25 ученички од осумте училишта во општина Аеродром, 5 деветтодделенки од ООУ„Лазо Ангеловски“ од 5-11 декември ќе престојуваат во Општината Вандсворт во Лондон, каде што ќе посетуваат настава во училиштето Брнтвуд (женски колеџ).
За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт ученичкитеите придружувани од Милена Игњатова, наставник по англиски јазик ќе имаат можност да ја посетуваат наставата кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата. Тие ќе бидат сместени кај семејствата на своите соученици, така што ќе можат да дознаат повеќе за обичаите, навиките и начинот на живот во Велика Британија.
Минатата година во јуни Општина Аеродром, всушност, ја испрати првата група ученички на настава во Лондон, а оваа година во јуни група ученици од Лондон дојдоа во возвратна посета на Аеродром, така што оваа втора посета ја зацврстува традиција во насока на зајакнување на соработката меѓу двете општини. Тоа им овозможува на учениците размена на искуства и вредности, стекнување нови другарчиња, но и поттик за поголеми успеси во училиштето.

„Џифони“- фестивал за деца и млади

Од 21 до 26. Х 2016 год. се одржа 4. Филмски фестивал за деца и млади „Џифони“, на којшто учествуваа и дваесет ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“, како меѓународни судии, заедно со наставничката Валентина Петрова и библиотекарот Благица Ангеловска. Фестивалот се одржуваше во просториите на Кинотеката на Македонија и во МКЦ, а беше организиран во три категории: јуниори, кадети и сениори. Нашите ученици учествуваа во категоријата јуниори за ученици од 11 до 15 години заедно со претставници од други училишта од општините Аеродром и Карпош. Фестивалските денови беа организирани во два дела: проекции на филмови со дискусии во претпладневните часови и креативни работилници во попладневните. Како специјални гости се појавија уметничкиот директор на „Џифони искуство“ (Giffoni Experience), Клаудио Губитози, и еден од продуцентите на филмот „Син велосипед“ (Blue Bicycle), Нурсен Четин Корекен.
Креативните работилници, пак, им овозможија на учениците да создаваат стоп-анимации, стрипови, танчерски кореографии и џебни изработки од дрво, хартија и пластелин.