Daily Archives: 17/10/2016

IX Меѓународна ЕЛТАМ конференција „Re-imagining teaching-Rejuvenating and transforming classroom practices“

IX Меѓународна конференција за наставници по англиски јазик организирана од страна на Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на Р. Македонија – ЕЛТАМ  се одржа на 15 и 16 октомври 2016г. во Хотел ДРИМ, Струга. Учесниците имаа можност да слушнат предавања на повеќе од 50 презентери од регионот и пошироко со цел да се стекнат со нови знаења од областа на предавањето на англискиот јазик.

Конференцијата имаше за цел да допринесе кон професионален развој и унапредување на наставниците по англиски јазик од сите нивоа на образование бидејќи даде можност да ги слушнат најнови сознанија од областа на наставата по англиски јазик и да посетат работилници за професионално усовршување.

Учесниците исто така имаа можност да ги слушнат предавањата на Марџори Розенберг, претседател на ИАТЕФЛ, меѓународно здружение на наставници по англиски јазик со седиште во Велика Британија.

На панел дискусијата која беше организирана во рамките на конференцијата, претставниците на ЕЛТАМ и асоцијации од регионот имаа можност да дискутираат за положбата на професионални здруженија и нивниот придонес кон подобрувањето на образовните стандарди на локално и глобално ниво.

На конференцијата учествуваа наставниците од ООУ „Лазо Ангеловски“ и тоа, наставниците по англиски јазик Љубица Ружинска и Мирослава П. Аневска учествуваа во самата организација на конференцијата како преставници на бордот на ЕЛТАМ, а наставничката Маја Тенев беше учесник на конференцијата.

 

ПРВ Меѓународен конгрес На Лица со посебни потреби

Од 14 до 16 октомври 2016г. на Скопски саем и Дом на АРМ, Скопје во организација на Здружението на граѓани “Дајте ни крилја“, се одржа Првиот Меѓународен конгрес На лица со посебни потреби. Целта на Конгресот покрај промоција на најновите достигнувања во однос на дијагностиката, лекувањето, третманот и рехабилитација на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, беше и создавање на основа за организиран мултидисциплинарен пристап на повеќе сегменти од општеството, од
здравство, па се до социјални служби и образованието.

На Конгресот со свои излагања за искуствата од ООУ„Лазо Ангеловски“ во дебатата учествуваа социјалниот работник и дефектологот од училиштето, а присуствуваа и останатите стручни соработници: педагогот, социологот, психологот и библиотекарот од училиштето.