Daily Archives: 21/10/2016

Детски едукативни работилници „Со здрави навики до здрави бубрези“

На 20 октомври 2016г. се одржа едукативна работилница за деца на тема „Со здрави навики до здрави бубрези“. Организатор на работилницата е Здружението на бубрежно болни граѓани  „Нефрон“, кое, во соработка со „Ladna“, во првата фаза од проектот, ќе се погрижи сите ученици од трето одделение од општините Центар, Чаир и Аеродром да добијат соодветна едукација за здрави навики кои ќе придонесат за зачувување на здравјето на бубрезите.

На оваа работилница децата имаа можност преку интерактивна презентација да се запознаат со функцијата и важноста на бубрезите за целокупното здравје на човекот, со ризиците од бубрежните заболувања, а да добијат и совети за превенција од заболувања. Секое дете доби едукативна боенка поврзана со тематиката на работилницата, боички и шишенце „Ладна“ вода.