Daily Archives: 26/10/2016

„Џифони“- фестивал за деца и млади

Од 21 до 26. Х 2016 год. се одржа 4. Филмски фестивал за деца и млади „Џифони“, на којшто учествуваа и дваесет ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“, како меѓународни судии, заедно со наставничката Валентина Петрова и библиотекарот Благица Ангеловска. Фестивалот се одржуваше во просториите на Кинотеката на Македонија и во МКЦ, а беше организиран во три категории: јуниори, кадети и сениори. Нашите ученици учествуваа во категоријата јуниори за ученици од 11 до 15 години заедно со претставници од други училишта од општините Аеродром и Карпош. Фестивалските денови беа организирани во два дела: проекции на филмови со дискусии во претпладневните часови и креативни работилници во попладневните. Како специјални гости се појавија уметничкиот директор на „Џифони искуство“ (Giffoni Experience), Клаудио Губитози, и еден од продуцентите на филмот „Син велосипед“ (Blue Bicycle), Нурсен Четин Корекен.
Креативните работилници, пак, им овозможија на учениците да создаваат стоп-анимации, стрипови, танчерски кореографии и џебни изработки од дрво, хартија и пластелин.

Гостување на Македонско радио-Радио Скопје

На ден 25.10.2016г. директорот на ООУ„Лазо Ангеловски“, м-р Милка Тримчевска, беше гостин во емисија на Македонско радио-Радио Скопје, каде говореше за одобрените грантови од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност: Еразмус+ програма, клучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности и Еразмус+ програма, клучна акција КА219: Соработка за иновација и размена на добри практики. Се истакнаа целите на проектите и значењето на истите за развојот на училиштето.