Daily Archives: 27/10/2016

Најава- пет ученички во посета на Лондон

Од вкупно 25 ученички од осумте училишта во општина Аеродром, 5 деветтодделенки од ООУ„Лазо Ангеловски“ од 5-11 декември ќе престојуваат во Општината Вандсворт во Лондон, каде што ќе посетуваат настава во училиштето Брнтвуд (женски колеџ).
За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт ученичкитеите придружувани од Милена Игњатова, наставник по англиски јазик ќе имаат можност да ја посетуваат наставата кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата. Тие ќе бидат сместени кај семејствата на своите соученици, така што ќе можат да дознаат повеќе за обичаите, навиките и начинот на живот во Велика Британија.
Минатата година во јуни Општина Аеродром, всушност, ја испрати првата група ученички на настава во Лондон, а оваа година во јуни група ученици од Лондон дојдоа во возвратна посета на Аеродром, така што оваа втора посета ја зацврстува традиција во насока на зајакнување на соработката меѓу двете општини. Тоа им овозможува на учениците размена на искуства и вредности, стекнување нови другарчиња, но и поттик за поголеми успеси во училиштето.