Monthly Archives: November 2016

Прв интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан првиот интернационален координативен состанок во периодот од 23-25.11.2016 година во Анкара, Турција. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенскиот наставник, Дарко Димковски, и секретарот на училиштето, Силвана Давчевска.

Цели на состанокот беа:

  • меѓусебно запознавање на партнер-училиштата;
  • разгледување на општите цели на проектот;
  • дискусија: Зошто Уметноста? – размена на искуства и добри пракси;
  • изработка на акциски план на планираните активности и состаноци во рамките на проектот;
  • распределба на одговорностите и планирање на активностите од првата година на проектот;
  • организација на активностите за дисиминација;
  • организација на активности за евалуација и следење на проектните активности и исходи;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса: Ликовно, Музичко, Физичко;
  • развивање на меѓукултуролошкиот дијалог помеѓу партнер-училиштата и подобрување на знаењата и сфаќањата за образовните системи во другите земји.

„Ден на дрвото-засади ја својата иднина“

По повод „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во училиштето се реализираа еко активности. Во рамките на еко активностите што се реализираат на „Денот на дрвото“, во училиштето се изведе и претстава со магионичарот Кристијан Шопов. Претставата изобилуваше со пораки за развивање на еколошката свест кај учениците. Воедно, средствата собрани од претствата хуманитарно ќе бидат доделени на наша Лазовка која во моментов има потреба.

Благодарност до магионичарот и учениците за ангажманот и хуманоста.

Натпревар за против пожарна заштита

На натправрот за против пожарна заштита освоено прво место на ниво на општина, а на регионално ниво за кадети второ место. За успехот е заслужна екипата составена од Антонија Крајчева, IX – 3 одд., Филип Нешковски, VIII – 5 одд., и Григориј Ваљаков , VIII – 1 одд.

„Ноември – месец на науката“

Во рамки на натпреварите „Ноември – месец на науката“ ученичката Антонија Крајчева IX – 3 одд.учествуваше на предавање по физика, тема „Сила на триење“, и на тест натпреварот, за што доби сертификат за успешно учество. Ментор – Жаклина Колевска.

еТвининг мини конференција

На 23.11.2016 година беше одржана еТвининг мини конференции во ООУ “Лазо Ангеловски”-Скопје на кој присуствуваа 120 представници од разни училишта од Скопје. На конференцијата беа поканети нови идни членови на еТвининг со цел да се запознаат со еТвининг платформата и можностите која таа ги нуди за наставниците и учениците. Организатор на настанот е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром.