На иницијатива на претседателот на Советот на родители, г. Игор Павлоски родителите организираа хуманитарна акција„ Топол и среќен дом за новогодишните празниците”, во собирање финанскиски средства за ученици од ранливи семејства. Акцијата успешно беше реализирана и г. Павлоски со потпретседателот на Советот г. Сашо Стеваноски на ден 30.12.2016г. средствата ги предадени на претставници од семејствата и новогодишно ги израдуваа. Советот на родители уште еднаш се докажа како вистински партнер на училиштето и поддршка на учениците. Секоја чест!
Monthly Archives: December 2016
Еразмус+ Новогодишно дрво
Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во месец декември беше реализирана активноста: изработка на украси и украсување на Еразмус+ Новогодишно дрво.
Во активноста учествуваа ученици од II, III и IV. одд. За време на активноста учениците изработија преубави Новогодишни украси и лампиони со кои го украсија Новогодишното дрво. Истовремено беше реализирана и работилница со родители во која исто така се изработуваа украси. При изработката користеа разновидни материјали. Новогодишното дрвото ја краси аулата на нашето училиште.
Новогодишна претстава
На ден 28.12.2016г. учениците од драмската секција од училиштето изведоа вечерна новогодишна претстава за родителите и локалната заедница. Две изведби од истата претстава беа поставени на сцена и на 27.12.2016г. за учениците од ООУ„Лазо Ангеловски“ и 60 ученика , гости од ООУ„Климент Охридски“- Драчево.
Драмската секција заедно со хорот им ја честитаа Новата година на сите присутни, со најубави желби и позитивни мисли.
Хуманитарен Новогодишен базар
На ден 28.12.2016г. се одржа Новогодишен базар со изработки од ученици, кој оваа година беше од хуманитарен карактер.
Ден на странските јазици
На ден 23.12.2016г., се одржа Денот на странските јазици и истиот се обележа со претстава во чест на Нова година.