Daily Archives: 01/12/2016

Проект ,, Здрава храна”

На ден 01.12.2016 година учениците од I-1 одделение заедно со своите родители земаа учество во проектот ,, Здрава храна” .

За таа цел родителите Д-р Сашо и Д-р Елеонора Делиниколови одржаа предавање за тоа што претставува здравата храна, од што се состои таа како и за правилниот внес на балансирана храна во организмот. Исто така вредните рачиња на учениците потпомогнати од нивните родители изработија прекрасни креации од здрава храна кои можеа да се дегустираат.

Признание за учество на „ДАБАР“- Интернационален натпревар по ИКТ

Во организација на Здружението на информатичарите на Македонија, високите знаења стекнати на часовите по предметите Работа со компјутери и основи на програмирање и Информатика ги покажаа 162 ученика од ООУ„Лазо Ангеловски“ од IV, VI, VII и IX одделение. Сите учесници добија уверенија за учество во натпреварот.

Најдобар резултат со освоени 90 поени имаа учениците: Филип Бишкоски и Марко Бишкоски од IV одделение.

Учениците Милијана Стојановиќ, Петар Митровски од VI одделение и Давид Симонов од IX одделение освоија 80 поени.

Со освоени 70 поени натпреварот го завршија учениците Александар Богданоски, Стефан Шушкало, Андреј Дончевски, Мила Цветковиќ, Иво Мазневски од VI одделение и Мартин Петков, Мила Трајковска, Марија Арџанлиева од VII одделение.

Ментори на овој интернационален предизвик „Дабар“ од нашето училиште беа наставниците Марија Ѓорѓевиќ и Марија Матеева.

Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта , кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави и е еден од најпопуларните натпревари во светот. Како идеја Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата „Informatics Europe Best Practices in Education“. Со цел да се промовира оваа активност и во Република Македонија овој натпревар се оддржа од 7 до 11 Ноември 2016 година , во голем број основни и средни училишта во нашата држава. На тој начин, заедно се промовираа компјутерските науки кај учениците, со што се придонесе за нивниот развој како и развојот на нашата држава. Дабар е глобален настан и на него земаат учество голем број на ученици од 35 земји во светот на шест континенти, меѓу кои: Македонија, Русија, САД, Канада, Германија, Јапонија, Германија, Иран, Бразил, Шпанија, БиХ, Србија, Словенија, Хрватска, Израел, Бугарија, Автралија, Јужна Кореја, Турција, Австрија и други.