По објавениот јавен повик од страна на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во месец декември беа избрани 11 еТвининг амбасадори. Нашето училиште е единственото училиште во цела држава со тројца еТвининг амбасадори и тоа:
- Љубица Ружинска, наставник по англиски јазик,
- Милена Игњатова, наставник по англиски јазик и
- Валентина Петрова, наставник по македонски јазик.
Главна обврска на еТвининг амбасадорите ќе биде активно да соработуваат со Националната агенција во процесот на промоција на еТвининг акцијата во Република Македонија, во зголемувањето на членството во еТвининг на национално ниво, во зголемувањето на бројот на еТвининг проекти и подобрување на нивниот квалитет, во зголемување на присутноста на еТвининг и резултатите од неговите проекти во настаните во полето на образованието и медиумите на национално ниво.
Сертификатите за наставниците и еТвининг знамето на училиштето свечено им беа врачени на работилницата одржана на 12.12.2016 г. во просториите на Националната Агенција.