Во периодот од 9-19.12.2016 година беше реализирана првата активност во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“, размена на рачно изработени честитки за Божиќ и Нова Година напишани на англиски и македонски помеѓу 2 партнер училишта (Македонија-Романија). Во активноста учествуваа 30 ученици од III-V одд.
Целта на активноста беше:
- прослава на Божиќ и Нова Година
- вежбање на англискиот јазик
- интеракција помеѓу учениците
За време на неколку работилници учениците изработија свои честитки со кои им го честитаа Божиќ и Новата Година на своите нови другарчиња од Романија. Реализираните активности можете да ги погледнете на видеото подолу:
Исто така беше направено видео во кое учениците ги читаа своите изработени честитки на англиски и македонски. Изработеното видео заедно со честитките беше испратено до партнер-училиштето во Романија.