Daily Archives: 31/12/2016

Хуманоста на дело и од Совет на родители

На иницијатива на претседателот на Советот на родители, г. Игор Павлоски родителите организираа хуманитарна акција„ Топол и среќен дом за новогодишните празниците”, во собирање финанскиски средства за ученици од ранливи семејства. Акцијата успешно беше реализирана и г. Павлоски со потпретседателот на Советот г. Сашо Стеваноски на ден 30.12.2016г. средствата ги предадени на претставници од семејствата и новогодишно ги израдуваа. Советот на родители уште еднаш се докажа како вистински партнер на училиштето и поддршка на учениците. Секоја чест!