Monthly Archives: January 2017

Ѕвезда на хуманост

Советот на родители пред новогодишните празници покрена иницијатива за хуманитарна акција „Топол и среќен дом за новогодишните празници“ за дечињата од социјално загрозени семејства. Акцијата заврши успешно и за најхумано одделение е прогласено IV-1 одделение. Истото се закити со Златната ѕвезда, а учениците добија и благодарница од Советот на родители. Браво за сите!

16427450_1793851987530634_346631182436688077_n 16427672_1793852007530632_3265481691842362758_n

Интерна обука- Инклузивно образование

Во рамките на програмата: Инклузивно образование во основни училишта, во организација на УНИЦЕФ, Бирото за развој на образованието и Македонскиот Центар За Граѓанско Образование, во нашето училиште се одржa обука за: Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница
Обуката беше организирана во две групи и тоа:
Прва група: 09 и 10 јануари, 2017 година, од 09:00 – 15 .00 часот, за колегите од актив прво и второ одделение, и актив по македонски јазик
Втора група: 16 и 17 јануари 2017 година, од 09:00 – 15 .00 часот, за колегите од актив трето, четврто и петто одделение и актив по математика
Обуката ја посетија 49 наставници од одделенска и предметна настава. Обучувачи беа Љубица Атанасовска и Билјана Иваноска.

Беа реализирани повеќе активности, како што се: Дефиниција за инклузивно образование, димензии на различноста, интерподеленост, клучни елементи на диференцирање, организација на училницата, атмосфера во училницата, измени и прилагодувања на наставни планови, настава на повеќе нивоа, колаборативно учењe, различни видови на оценување и повратни информации, проблематично однесување, градење класна заедница и други.
Темата која се обработуваше е доста актуелна, и навистина им е потребна на наставниците. Обуката беше одлично осмислена, а активностите добро испланирани и даваа можност учесниците да бидат активни во текот на целата обука.

16508836_1796343620614804_8612123667489435511_n 16473002_1796343680614798_800508379696769286_n

Работилница за еТвининг

На 17.01.2017 година се одржа работилница за еТвининг во ОУ Војдан Чернодрински. Работилницата беше водена од страна на три еТвининг амбасадори од ОУ Лазо Ангеловски, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и Валентина Петрова. На истата покрај наставниците од ОУ Војдан Чернодрински присуствуваа и претставници од градинката ЈОУДГ Росица.

Целта на одржување на ваков вид на работилници е запознавање со еТвининг платформата и какви се можности нуди истата. Исто така од страна на еТвининг амбасадорите им беа претставени проектите и во каков се вид на проекти можат да учествуваат наставниците.

Интерна обука – „Мотивација и ангажираност на вработените“

На ден 16.1.2017г. директорот на на ООУ„Лазо Ангеловски“
м-р Милка Тримчевска, за вработените во училиштето одржа обука на тема: „Мотивација и ангажираност на вработените“ со цел зајакнување на училишната клима. На истата се отвори конструктивна дискусија и се изведоа корисни заклучоци во насока на ефективно училиште.