Monthly Archives: February 2017

Работилница за примена на Google Drive и Blogger (надворешна обука за наставници)

На ден 25.02.2017 година во Хотел “Порта”, Аеродром, се одржа работилница за развивање на дигиталните вештини на наставниците употребувајќи иновативни педагошки пристапи, кои ќе резултираат со развивање на технолошки збогатени средини за учење за да им овозможуват на учениците да станат активни учесници во процесот на учење. Исто така, ќе овозможуваат и прилагодување и персонализирање на активностите за учење за да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности во користењето на дигиталните алатки и ресурси.

Работилницата беше дел од дисеминацијата од посетена обука за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“  и истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска. Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштата од општина Аеродром и пошироко.

На работилницата беа претставени колаборативните алатки – Google Drive (отварање сметка, основни функции на Drive, Doc, Forms, Sheets, Slides) и блогови и веб страни – Blogger.

 

Отворен час со примена на ИКТ алатки (Socrative)

На ден 23.02.2017 година беа реализирани отворени часови со примена на ИКТ алакти од страна на наставникот по македонски јазик, Валентина Петрова. Отворените часови се дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“.

Целите на часот да се утврдат и проверат стекнатите знаења на учениците за неменливите зборови. За време на часовите беше применета ИКТ алатката Socrative.

 

Воз на мирот

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Воз на мирот. Месец февруари беше месец посветен на мирот. За време на активноста учениците пишуваа пораки, цртаа цртежи, изработуваа предмети и сл. за да ги искажат своите чуства или мислења за мирот. Секое партнер-училиште изработи вагон во кој се собираа пораките, цртежите, изработките. Сите вагони на крај ќе се спојат за да се добие Возот на мирот. Целта на активноста е да се подигне свеста за важноста на мирот во светот.

Во нашето училиште се спроведоа две активности во кои учествуваа учениците од I-V одделение:

  • Првата активност беше литературно творење на тема „Мир“  и за таа цел, во училиштето беше поставен изработениот Воз на мирот во кој учениците ги ставаа своите пораки и изработки.
  • Втората активност се однесуваше на изработка на постер преку кој учениците ќе ја пренесат својата порака за мирот, преку цртеж, слика, песна.

Изработка на Возот на мирот од картонски кутии.

pixiz-22-02-2017-20-36-43

Пишување на пораки, цртање на цртежи и изработка на предмети за да искажат чуствата или мислењата за мирот

Учениците го наполнија Возот на мирот со своите изработки

Изработка на постерите за конкурсот за најдобар постер (индивидуално или групно) преку кој учениците ги пренесоа своите пораки за мир, со кратки пораки, цртежи, слики.

Од доставените постери, комисијата составена од три члена избра три најдобри постери според однапред определените критериуми за избор. Трите најдобри постери ќе учествуваат во интернационалниот избор со сите партнер-училишта, учесници на овој конкурс.

Прво место: постерот од III-1 оддление (групен) – наставници Билјана Колевска и Кристина Башовска

I mesto

Второ место: постерот од I-5 одделение (групен) – наставник Виолета Спасова

II mesto

Трето место: постерот од III-3 одделение (групен) – наставници Светлана Јосифовска и Јана Перковска

III mesto

Како пофален постер е избран постерот на ученикот Никола Ристовски I-1 одделение – наставници Ирена Христовска и Магдалена  Петреска

pofalen

Општински натпревар по физика

На ден 18.02.2017 година во ООУ”Лазо Ангеловски” се одржа општинскиот натпревар по физика. Учениците Григориј Ваљаков од VIII одд. и Антонија Крајчева, Лазар Мицев и Сања Бобевска од IX одд. обезбедија пласман за регионалниот натпревар. Особено задоволство ни е да се пофалиме со единствените 100 максимални поени освоени од страна на Сања Бобевска. Честитки до пласираните и нивниот ментор Жаклина Колевска и понатамошен успех во натпреварувањето.

16865167_10211501361307636_1809053856967784573_n

Алгоритам натпреварот по предметите англиски јазик и математика

На натпреварот организиран од страна на приватната гимназија „Алгоритам“ се натпреваруваа ученици од VIII и IX одд. по предметите англиски јазик и математика. Покрај тоа што повеќето ученици од ООУ”Лазо Ангеловски”, од двете генерации, си обезбедија стипендии за да го продолжат школувањето во ова приватно училиште, ученичката Елена Цветановска го освои првото место а со тоа си обезбеди стипендија од 40%. Честитки до сите добитници и нивните ментори.
На следниот линк можете да ја видите листата на сите ученици коишто обезбедија стипендија во ова училиште.