На ден 6.02.2017 година беа реализирани отворени часови со примена на ИКТ алакти од страна на наставникот по македонски јазик, Валентина Петрова. Отворените часови се дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“.
Целите на часот беа учениците да се запознаат со особеностите на дневникот како научно-литературен вид и да напишат свој дневник, односно модерната верзија – блогот со примена на ИКТ алатката Google Sites.
За време на часот меѓу другото беа користени табелетите обезбедени од средствата собрани за време на Новогодишниот продажен базар.