На ден 31.03.2017 година се одржа работилница за примена на алатки за формативно оценување: Kahoot и Socrative. Работилницата е дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“. Истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска.
Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштето.